Науката открила дека жените подобро читаат мисли од мажите

Науката открила дека жените подобро читаат мисли од мажите

Голем број студии покажале дека жените подобро учат, имаат поразвиена емпатија, па дури и ја одржуваат хигиената на повисоко ниво за разлика од мажите. Имајќи го ова на ум, едно неодамнешно истражување покажало уште една уникатна женска карактеристика со која сите жени веднаш ќе се согласат – тие подобро „читаат мисли“ од мажите.

Науката открила дека жените подобро читаат мисли од мажите

Новата студија доаѓа од научниците при Универзитетот Кембриџ, каде што се открило дека женските гени се подобро организирани за читање емоции при гледање некого во очи. За потребите на студијата, истражувачите прегледале тестови за когнитивна емпатија на скоро 89.000 испитаници и откриле дека луѓето лесно можат да предвидат што одредена личност размислува или чувствува само со поглед кон очите и дека жените во просек имаат повисоки поени.

Научниците што го воделе ова истражување, заедно со група генетичари, успеале да идентификуваат различни делови на женските хромозоми што им помагаат да ја зголемат способноста за „читање мисли во очите“. Па, следниот пат кога вашиот партнер не знае што сака за вечера, едноставно зјапајте во неговите очи и ќе ја откриете вистината! Да се надеваме дека станува збор за пица! 🙂


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар