20 безвременски цитати од Ана Франк

Ана Франк е симбол на борбата против нацизмот и борбата против нечовештвото во секоја форма. Таа пишувала за животот, љубовта и добротата собирајќи ги своите мисли во нејзиниот дневник и го задржала позитивниот и оптимистички дух дури и во најтешките моменти. Зборовите на храброто 14-годишно девојче ги памтиме до ден денес, а како што поминува времето тие стануваат сѐ посилни и помудри. Зборови против кои секое зло ја губи битката. Следуваат дел од најинспиративните цитати на Ана Франк.

20 безвременски цитати на Ана Франк

„Само едно правило треба да запаметиш: Смеј се за сѐ и заборави ги другите! Звучи егоистично, но тоа е всушност единствениот лек против самосожалувањето.“

„Луѓето можат да ти речат да замолчиш, но тоа не те спречува да имаш свое мислење.“

„Погледни како една свеќа може истовремено и да ја дефинира и да ѝ се спротивставува на темнината.“

„Спомените ми значат повеќе од фустаните.“

„Големината на човекот не лежи во богатството и моќта, туку во карактерот и добротата. Луѓето се само луѓе и сите луѓе имаат маани и недостатоци, но сите се раѓаме добри.“

„Но, чувствата не можат да се игнорираат, без разлика колку неправедно или неблагодарно изгледаат.“

„Сфатив дека убавината секогаш постои некаде – во природата, сончевите зраци, слободата, во самите себе. Сѐ тоа може да ти помогне.“

„На долг рок, најострото оружје од сите е добрата и нежна душа.“

„Тивката совест го прави човекот силен!“

„Таму каде што постои надежта, постои и животот. Таа нè полни со свежа храброст и повторно нè прави силни.“

„Сите живееме со желба да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти.“

„Можеш да бидеш осамена дури и кога многу луѓе те сакаат, ако никому не си една и единствена.“

„Момците ќе бидат момци. Но, дури ни тоа не би било важно кога би ги спречиле девојките да бидат девојки.“

„Длабоко во себе, младите се поосамени од старите.“

„Сакам да пишувам, но уште повеќе сакам да го изнесам сето она што лежи длабоко во моето срце.“

„Бидејќи хартијата има повеќе трпение од луѓето.“

„Зошто некои луѓе мора да гладуваат, додека во другите делови од светот постои вишок? Ах, зошто се сите луѓе толку луди?“

„Никој не станал сиромав давајќи.“

„Не сакам залудно да живеам, како повеќето од луѓето. Сакам да бидам корисна и да донесам задоволство до сите луѓе, дури и до оние кои никогаш не сум ги запознала. Сака да продолжам да живеам и после смртта!“


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар