15 смешни овошки и зеленчуци кои мислат дека се луѓе

Можеби би рекле дека морков си е морков, но во овој случај се работи за суперморков. И тој не е единствен суперхерој од својот вид. Во светот на овошјето и зеленчукот има многу необични плодови кои претставуваат своевидни суперхерои помеѓу своите.

15 смешни овошки и зеленчуци кои мислат дека се луѓе

Софистицирана трупка

Постојат повеќе причини поради кои зеленчукот и овошјето добива променет облик. Најчестата причина е оштетувањето на ткивото. Ако некој дел од овошјето или зеленчукот се оштети, особено во раната фаза на раст, ова може да го забави процесот на растење на тој дел, што предизвикува деформации на остатокот од растението. Особено чест е случајот со деформираните коренести плодови, кај кои неконзистентното ѓубрење на почвата може да биде причина за необичен раст.

Така, морковите добиваат раце кои се протегаат кон околното ѓубриво.

15 смешни овошки и зеленчуци кои мислат дека се луѓе

Buzz Lightyear од „Приказна за играчките“ во морковесто издание

Овошјето може и намерно да се развива во одредени форми, како коцки, ѕвезди, срца и слично, но во оваа галерија гледаме само преинтересни креации на природата. Некои личат на луѓе, некои на животни, но сите се „однесуваат“ како да не се тоа што се. :)

Среќен модар патлиџан кој сака да ве прегрне

Среќен модар патлиџан кој сака да ве прегрне

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар