11 вистини за љубовните врски со девојки кои се опседнати со читање книги

11 вистини за љубовните врски со девојки кои се опседнати со читање книги

Колку и да ви звучи клише, книгите се најголемото богатство на светот. Тие отсекогаш биле и ќе бидат нашите партнери во секое време, дури и во оние тешки моменти кога сакаме да избегаме од овој свет. Книгите се првата љубов на многумина и преку нив луѓето научиле како да сакаат. Во продолжение прочитајте зошто едноставно не можете да не ги сакате жените опседнати со читањето книги и неколку совети како да ја задлабочите таа љубов.

11 причини поради кои ги сакаме жените кои се опседнати со читање книги

1. Имаат сопрузи и љубовни партнери кои се ликови од книгите

Како на пример господин Дарси од „Гордост и Предрасуди“ или пак, господин Ленгдон од „Кодот на Да Винчи“ за оние кои бараат малку авантура и мистерија во својот живот.

2. Имаат омилени писатели кои ги сметаат за свои најдобри пријатели

Не мора лично да ги познаваат своите омилени писатели, кои не мора да бидат ниту живи, за да знаат дека се целосно сфатени и разбрани. Кога еден цитат може да ги содржи и проблемот и решението истовремено, писателите стануваат верни пријатели на жените кои своето време го посветуваат на читањето книги.

3. Тие имаат повеќе слоеви

Вистинските љубители на книгите, пред сѐ, се љубопитни и она што е карактеристично за нив е што читањето на една книга ги инспирира да започнат со друга. Многу од нив имаат истражувачка природа и нивните умови можат да бидат преплавени со секакви мисли и интереси. Но, и покрај тоа нивно психичко скитање, постои константа на уверувањето за она што го сакаат најмногу. А, ако тоа сте вие, тогаш имате среќа.

4. Имаат специфичен начин на читање кои не треба да се преиспитува

Ако го обожаваат читањето, тогаш имаат и посебен начин на организација на работите. Тие се читатели кои мора да ја завршат книгата којашто моментално ја читаат, пред да ја започнат другата која ги чека на полиците и веќе го привлекла нивното внимание. Немојте да им препорачувате нешто ново и не ја дискутирајте темата сѐ додека не стигнат до последната страница. Спознајте го нивниот начин и почитувајте го.

5. Сакаат да читаат и на хартија и на некој електронски уред

Жените кои се опседнати со читањето книги на хартија како и електронски, себеси се нарекуваат „битекстуални“. Тие сакаат да читаат и обично и електронски, но знаат кои книги треба да ги прочитаат на хартија, а кои на некоја апликација. Запомнете: Никогаш не купувајте е-книги за жените кои претпочитаат и инсистираат да читаат на стариот добар начин.

6. Ќе ве споредуваат со ликовите од книгите

Понекогаш тоа ќе ви оди во прилог, а понекогаш не. Но едно е сигурно, независно дали станува збор за реални или фиктивни ликови, споредбата е неизбежна.

7. Делуваат мирно само однадвор

Никогаш не помислувајте дека девојката која секогаш држи книга во рацете е тивка, срамежлива и повлечена. Читателите гравитираат кон книгите бидејќи имаат вишок емоции, а, пренесувањето на тие емоции во книгите е начинот на кои ги процесираат и се справуваат со нив.

8. Сакаат и вие да го сакате читањето

Можеби не сте како нив, но немојте да бидете оние луѓе кои ќе ги прашаат дали читаат од забава. Така само ќе оставите негативен впечаток, бидејќи за нив читањето е како дишењето и тие очекуваат да ја прифатите и почитувате таа страна од нивната природа.

9. Сакаат да прошетаат низ вашите мисли

Човечката состојба е темата на сите добри фиктивни приказни, бидејќи е тема и на големата вистина. Независно што читаат, фиктивно или реално, жените кои ги обожаваат книгите се истражувачи и сакаат да ги разберат нештата. Со други зборови, прифатливо е да бидете поранливи крај нив, бидејќи тие не се заинтересирани само за вашите корици, туку и за вашата содржина.

10. Понекогаш знаат да се изгубат (најчесто во библиотеките и книжарниците)

Дел од времето ќе го поминувате барајќи ги низ полиците од библиотеките и книжарниците. Но, тие можат да се изгубат и низ страниците. Немојте да го сфаќате тоа лично, тие сѐ уште ќе ве сакаат и ценат. Дајте им време да ја пребродат приказната.

11. Премногу размислуваат

Анализирањето на различните перспективи, погледи и ставови, вклучувајќи ги и нивните, е само дел од нивниот карактер. Затоа, понекогаш ќе треба да им го одвлечете вниманието од книгите и да ги вратите назад во реалноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар