Детоксикација и „зелена диета“: 10 дена без месо и риба

Детоксикација и „зелена диета“: 10 дена без месо и риба

Исхраната на база на зеленчук, овошје и житарици ги поттикнува детоксикацијата и слабеењето. Денот започнува со овошје, а пред ручекот се пие чаша сок од домати. Во текот на „зелената диета“ се јаде овошје, зеленчук, житарици и компир, но и мали количини немасно сирење. Во овој режим на исхрана се забранети мешунките како гравот, леќата, боранијата и грашокот, а исто така се забранети и сите видови месо и јајца.

1-detoksikacija-i-zelena-dieta-10-dena-bez-meso-i-riba-www.kafepauza.mk_

Денот започнува со овошје, најпрво исцедено без шеќер, а за појадок се јадат цели плодови или овошни салати. Овошната салата може да биде и помеѓу оброците.

Во текот на претпладнето се препорачува да се внесува само овошје, а после тоа да се почека барем половина час пред повторно внесување на храна.

Подоцна, во текот на денот може да се консумираат житарици како што се јачмен, пченка, хељда и друго. Житариците и компирот се најважни извори на енергија во текот на диетата, па би требало да се јадат во текот на сите главни оброци. Компирот секогаш се јаде зготвен и се препорачува да се подготвува како салата или како вариво.

Ручекот, односно главниот оброк треба да започне со сок од зеленчук, а задолжителен дел на чинијата треба да заземе интегралниот ориз или компир. Со ручекот неограничено може да се јаде зеленчук, варен или динстуван со долевање на вода, без маснотии, дури ниту масло.

За вечера се подготвува салата од најразличен зеленчук. Изборот на зеленчук за деновите и оброците не е строго одреден, туку се креираат салати и готвен зеленчук по сопствена желба.

Млеко и ферментирани млечни производи (кисело млеко, јогурт, кефир) исто така не смеат да се мешаат со ниту една друга храна. Понекогаш оброкот може да го дополните со свежо сирење или некој друг вид немасно сирење, во комбинација со зеленчук, најчесто во салата.

Зелената диета пред сè е наменета за детоксикација на организмот, што води до губење на килограми. Богата е со прехранбени влакна кои го промовираат овој процес, го регулираат варењето на храната, а исто така помагаат при намалувањето на високиот холестерол.

Исто така, оваа диета го обезбедува организмот со голем број витамини, минерали, фитохемикалии (антоцијанин од сокот од боровинки, бета-каротин од портокаловото овошје и зеленчук, и фенол и ресвератрол од грозјето). Сепак, нема адекватен внес на протеини, па дури и од билно потекло, како ниту доволно железо, и затоа не е препорачливо да трае повеќе од 10 дена.

Mediterranean salad with gorgonzola and olive oil

Пример за мени бр. 1:

Пред појадок: Чаша свежо исцеден овошен сок

Појадок: Овошна салата со половина лажица мед

Ручек: Чаша сок од домати, густа чорба од моркови со парчиња тиквички и интегрален ориз, парче леб, салата од свежа зелка

Меѓуоброк: Јогурт

Вечера: Чаша сок од моркови, шопска салата

Пример за мени бр. 2:

Пред појадок: Чаша свежо исцеден овошен сок

Појадок: Парче леб од цели житарици намачкан со намаз од кравјо сирење (100 г), малку сол и половина исчекан праз. Изедете парче ананас и цело киви.

Ручек: Вариво од спанаќ. Измијте 250 г спанаќ и 150 г компир и исечкајте ги на ситни парчиња. Додајте зеленчук и гответе на тивок оган од 15 до 20 минути. На крај додајте една лажица сусам. На истиот начин може да ги приготвувате и останатите зеленчуци.

Меѓуоброк: Овошен јогурт

Вечера: Сезонско овошје

Пример за мени бр. 3:

Пред појадок: Чаша свежо исцеден овошен сок

Појадок: Погача од пченкарно брашно

Ручек: Њоки со пармезан и брокула: Исчистете 250 г брокула и 125 г моркови, па потоа исечкајте ги на ситни парчиња и додајте ги во 150 мл супа од зеленчук. На крај додајте 40 г сварени њоки, лажичка маслиново масло и пармезан.

Меѓуоброк: Диња

Вечера: Салата од обарени моркови, шампињони, пиперки, лук и магдонос


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар