10 шокантни терапии за лекување кои биле користени на ЛГБТ заедницата

10 шокантни терапии за лекување кои биле користени на ЛГБТ заедницата

Не е поминато многу време откако се сметало за абнормално да се биде хомосексуалец, бисексуалец или личност што си го променила полот. Оние кои припаѓале на оваа заедница биле сметани за чудаци, а многу од нив биле и убивани. Иако полека ги добиваат своите права, овие луѓе сè уште се изложени на насилство. Сепак, денес барем се намалува бројот на овие луди третмани кои ги користеле за да ги „излекуваат“ припадниците на оваа заедница. Погледнете низ кои ужаси поминувале припадниците на ЛГБТ заедницата.

1. Брутална шок терапија

(1)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Во 1970-тите години во САД, вие би биле обележани со ментално нарушување ако сте биле геј. Овој третман се состоел од покажување фотографии со хомосексуална содржина на пациентот. Тогаш пациентот добивал електричен шок. Основната психологија зад ова била дека пациентот ќе ги поврзе сликите со болка и повеќе нема да има такви чувства. Она што е уште полошо е тоа што шоковите биле предизвикувани на гениталиите.

2. Кастрација

(2)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

1940-тите биле можеби најлошиот период за ЛГБТ заедницата. Многу често семејствата кои знаеле дека некој нивен член припаѓа овде, го испраќале во психијатриска установа. Хомосексуалноста била ментална болест, па пациентот немал никаков избор. Кастрацијата често се користела во нацистичка Германија. Хомосексуалците во концентрационите логори се согласувале да бидат кастрирани со цел да им се намали казната.

3. Лекови за мачење

(3)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

За жал ова постои и денес. Оваа година, фотографот Паола Паредес успеала да влезе во една клиника во Еквадор каде што наводно се лекувале хомосексуалците. Таа сведочела на вистински ужаси, вклучувајќи и садистички третмани со лекови. Клиниката официјално се водела како центар за рехабилитација, но сепак им давала на пациентите коктели од лекови со цел да ги мачи.

4. Хемиска кастрација

(4)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Наместо физичката, хемиската кастрација се користела за да го намали либидото и сексуалната активност. Овој метод се користи и денес. Во некои држави силувачите и педофилите се согласуваат на хемиска кастрација за да им се намали казната. Исто така има случаи и кога припадниците на ЛГБТ заедницата го побарале ова бидејќи не сакале да се чувствуваат така.

5. Хипноза

(5)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Понекогаш хипнотизерите ја злоупотребуваат својата моќ. И покрај ова, многу луѓе своеволно отишле кај хипнотизер за да им ги промени мислите. Хипнотерапијата се користела како „лек“ за хомосексуалноста со децении. Иако звучи шокантно, овој третман понекогаш „функционирал“. Во едно истражување од 1960-тите години, 15 хомосексуалци биле третирани со хипнотерапија во обид да им се промени сексуалната ориентација. Како што запишале истражувачите: „Имало подобрување“. Но ова не значи дека пациентите биле „излечени“. Тие едноставно покажале помал интерес за хомосексуални мисли и активности.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар