Науката откри нова причина зошто жените се подобри од мажите!

Науката откри нова причина зошто жените се подобри од мажите!

Некои истражувања уште одамна откриле дека жените се подобродушни и поголеми алтруисти од мажите. Но, причината за тоа досега не беше разјаснета. Сега, најновото истражување, објавено во весникот „Природно човечко однесување“ (Nature Human Behaviour), покажало дека женскиот мозок навистина реагира поинаку од машкиот кога треба да се донесат одлуки што се однесуваат на добрината.

Науката откри нова причина зошто жените се подобри од мажите!

Истражувачите побарале од 40 возрасни да учествуваат во експерименти каде што требале да донесат разни одлуки од типот дали да ги поделат парите со другите или да ги задржат за себе. Тие дознале дека добродушното однесување активирало посилен сигнал до областа за награди во мозокот кај жените, за разлика од тој кај мажите. Интересно е тоа што машкиот систем за награди реагирал посилно на себичното однесување.

Дали ова значи дека жените се родени подарежливи од мажите? Па, не баш. Главниот автор на истражувањето Александар Саутшек, професор доктор по економија на Универзитетот во Цирих, објаснил дека системот за награди во мозокот е силно поврзан со учењето. Некои претходни истражувања покажале дека девојчињата добиваат повеќе награди во вид на пофалби за нивната добрина за разлика од момчињата. Со други зборови, како последица од различното воспитување на момчињата и девојчињата уште од рана возраст, девојчињата очекуваат дека ќе добијат некаква награда за нивното добродушно однесување.

„Овие стереотипи функционираат како пророштва што се остваруваат и ги произведуваат половите разлики за кои тврдат дека се вистинити. Разликите во мозокот се производ на интернализацијата на овие културолошки очекувања“, објаснил Саутшек.

По овие сознанија, дефинитивно би требало да почнеме подеднакво да ги учиме момчињата и девојчињата дека треба да бидат добродушни.

Доколку не сте убедени во женската доминација, прочитајте ги следниве 12 работи во кои жените се подобри од мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар