10 неочекувани работи кои наскоро може да исчезнат

10 неочекувани работи кои наскоро може да исчезнат

Во 1900-тите години, имало околу 1,6 милијарди луѓе на Земјата. До 1950-тите тој број бил дуплиран, а до 2000-тите успеавме да стигнеме до 6 милијарди луѓе. Едно истражување претпоставило дека во овој век популацијата ќе стигне до 9,4 милијарди. Ова се лоши вести бидејќи уште сега немаме доволно ресурси за целата популација. Секој 8-ми човек нема доволно храна, 1,3 милијарди луѓе немаат пристап до електрична енергија. Животниот век станува подолг, а наталитетот се зголемува. Погледнете кои работи најверојатно ќе исчезнат поради зголемувањето на популацијата.

1. Песок

(1)10-neochekuvani-raboti-koi-naskoro-mozhe-da-ischeznat-kafepauza.mk

Иако звучи чудно, оваа „закана“ е реална. Песокот е секаде околу нас бидејќи тој е клучна состојка за бетонот, стаклото и асфалтот. Само Кина искористила повеќе песок во последните 4 години отколку САД во целиот 20-ти век. Индија има сопствена „песочна мафија“, а Дубаи, градот кој е опкружен со песок морал да го увезува од Австрија за изградбата на Бурџ Калифа.

2. Ефективни лекови за гонореја

(2)10-neochekuvani-raboti-koi-naskoro-mozhe-da-ischeznat-kafepauza.mk

Првиот антибиотик за оваа сексуално пренослива болест се појавил во 1940-тите години. Но како и повеќето бактерии, така и гонорејата мутира и станува посилна и отпорна на лекот. За само 70 години антибиотиците станале речиси бескорисни, и денес постои само еден кој е ефективен. Првиот случај на гонореја отпорна на лековите се појавил во Јапонија во 2011 година. Научниците советуваат дека сега е вистинско време да се обрне внимание на заштита за време на сексуален однос бидејќи гонорејата е најраспространета сексуално пренослива болест.

3. Хелиум

(3)10-neochekuvani-raboti-koi-naskoro-mozhe-da-ischeznat-kafepauza.mk

Збогувајте се со балоните бидејќи хелиумот е при крај. Овој извор што не може да се обнови, освен за забава се користи и за ладење на суперспроводливите магнети. Многу научници го користат за постигнување екстремно ниски температури за да можат појасно да ги набљудуваат феномените на квантната механика. Многу од примените на хелиумот не можат да се заменат со ниту еден друг елемент. Па, ако не најдеме начин да го заштедиме, ќе треба да го набавуваме од месечината.

4. Смртоносна инјекција

(4)10-neochekuvani-raboti-koi-naskoro-mozhe-da-ischeznat-kafepauza.mk

Оваа инјекција не исчезнува поради недостаток на состојки, туку многу компании не сакаат нивното име да биде поврзано со смрт. Во 2016 година, 20 европски и американски компании им забранија на САД да ги користат нивните инјекции за егзекуција.

5. Земја

(5)10-neochekuvani-raboti-koi-naskoro-mozhe-da-ischeznat-kafepauza.mk

Според оваа пресметана претпоставка ни остануваат резерви од земја за уште 60 години. Одгледувањето на разните растенија ги собира хранливите материи од почвата и ја прави бескорисна. Бидејќи населението се зголемува, се зголемува и потребата од насади, па потрошувачката на храна ќе се зголеми за 50% во наредните 20-50 години. Исто така се утврдило дека во тој период ќе произведуваме 30% помалку храна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар