10 најретки животински видови во светот

10 најретки животински видови во светот

За жал, речиси третина од животинските видови во светот се загрозени, а најчесто тоа се случува како резултат на човековото влијание. Иако зоолошките градини обично спаѓаат во категоријата на лошото дејствување на човекот, сепак, некои од нив имаат спасено одредени животински видови од изумирање. Во продолжение дознајте кои во моментов се најретките животни во светот.

1. Снежен леопард

10 најретки животински видови во светот

Се проценува дека во дивината има останато само 4.000 снежни леопарди. Со потекло од планинските масиви на централна Азија, овие прекрасни мачки се познати по тоа што ловат добиток, па затоа се главна мета на земјоделците, што е една од причините за намалување на нивниот број. Исто така се ловат и поради крзното, а и поради тоа што делови од нивното тело се користат во кинеската медицина. Овие животни во својата природна средина може да се видат на Хималаите, а исто така и во познатата калифорниска зоолошка градина во Сан Диего.

2. Бел алигатор

10 најретки животински видови во светот

Само 15 од 5 милиони алигатори се родени со оваа генетска мана, која е резултат на недостаток на пигментација на кожата. За жал, белите алигатори и крокодили се многу побарувани кога е во прашање изработката на скапоцени чанти. Минатата година, компанијата Хермес на аукција во Лос Анџелес, продала чанти од кожа на бел алигатор со вградени дијаманти за 185.000 долари. Овој вид може да се сретне во Гаторленд во централна Флорида, кој е дом на 4 бели алигатори. Сигурно не сакате да ги видите во дивината.

3. Бел лав

10 најретки животински видови во светот

Спротивно на познатото верување, белите лавови не се албино или одредени подвидови. Тие најверојатно потекнуваат од регион во Јужноафриканската република, но повеќето од нив се држат во заробеништво. Тие може да се видат во националниот парк Кругер, каде што во 2014 година прв пат е забележан белиот лав или во домот за животни Јукану, што се наоѓа во заливот Плетенберг, близу Кејптаун.

4. Син морски рак

10 најретки животински видови во светот

Оваа генетска мутација може да се пронајде на еден во милион морски ракови. Тие се резултат на високото ниво протеини што нивната боја ја претвораат во сина. Во мај оваа година, двајца рибари од Канада пронашле два морски ракови на брегот на Нова Шкотска. Тие може да се видат во зоолошка градина во Питсбург, Пенсилванија.

5. Црвена панда

10 најретки животински видови во светот

На почетокот тие се класифицирале како вид ракуни сè додека нивната ДНК не го потврдила спротивното. Црвените панди се со потекло од југозападна Кина и Хималаите, а ги има помалку од 10.000, за што во голема мера се виновни губењето на живеалиштата и ловокрадството. Тие може да се видат во зоолошката градина во Бристол, каде се наоѓаат две црвени панди, Чота и Лејди Хилари.

6. Четвороока желка

10 најретки животински видови во светот

Со потекло од Кина и Виетнам, овој вид желка е пред исчезнување, поради побарувачката за нивните оклопи. Тие може да се видат во аквариум во Тенеси.

7. Влакнест вомбат

10 најретки животински видови во светот

Постојат само 115 од овие неодоливи животни, што ги прави едни од најретките копнени цицачи во светот и сите живеат во еден австралиски парк. Имаат слаб вид, па затоа често се потпираат на својот нос за да се снаоѓаат и да ловат. Тие може да се видат во Националниот парк Епинг Форест во Квинсленд.

8. Тасманиски ѓавол

10 најретки животински видови во светот

Овие суштества со големина на куче потекнуваат од Тасманија, остров во близина на брегот на Австралија. Последните десет години се забележува катастрофален пад на нивната популација, поради заразна форма на рак која убива повеќе од 90% од возрасните во загадени региони. Поради тоа, тие се одгледуваат во заробеништво и може да се видат во зоолошка градина во Викторија.

9. Итрица која скока

10 најретки животински видови во светот

Овие животни тежат помалку од половина килограм, но сега се најбрзите мали цицачи во светот. Може да преживеат во повеќе живеалишта, како што се шуми, планини или пустини. Тие може да се видат во зоолошка градина во Франкфурт.

10. Близнаци вервет мајмуни

10 најретки животински видови во светот

Овој вид мајмуни е широко распространет во јужна и источна Африка, но близнаците се екстремно ретки. Познато е дека еден пар е роден во 1946 година, но умрел, додека пак минатата година се родени близнаци во Јужноафриканската Република. Тие може да се видат во засолниште за спасување животни во Јужноафриканската Република, на површина од 12 хектари, каде што може слободно да се шетаат околу луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар