10 чуда на природата кои повеќе не постојат

10 чуда на природата кои повеќе не постојат

Планетата Земја е фантастична и навистина сме сведоци за тоа дека природата е моќна и дека создава вистински ремек-дела. Неверојатни пејзажи и преубави места од кои едноставно ни застанува здивот. Но, климатските промени, вулканските ерупции, ураганите, па и луѓето доведуваат до катаклизма и уништување на градовите, државите и островите. Дека природата може да биде и тоа како сурова јасно ни докажуваат овие природни чуда кои ги паметиме, а кои повеќе не постојат.

1-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

1. Плажата Каима на Хаваи

Плажата со црн песок секоја година привлекувала илјадници туристи од сите страни на светот, сѐ додека во почетокот на 20-тиот век била збришана од вулканска ерупција.

2-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

2. Соломонските острови

Заради климатските промени исчезнале пет острови од групата на Соломонските острови, а наскоро и Малдиви и Тавала може да ја доживеат истата судбина.

3-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

3. Плажата Лагзира во Мароко

Сводовите од црвени камења со децении ги воодушевувале туристите сѐ додека еден од двата свода не се срушил.

4-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

4. Ледениот гребен Ларсен Ц на Антарктикот

Иако Антарктикот е царство на мразот и вечната зима, нема сомнеж дека љубителите на авантурите ги привлекува како магнет. Но, за жал, овој гребен повеќе не постои откако леден брег тежок 1.000 милијарди тони се одвоил од ледениот гребен Ларсен Ц.

5-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

5. Азурниот прозорец на Малта

Можеби и главната туристичка атракција на Малта исчезнала откако ја погодила силна бура. Природата знае да биде навистина сурова, а честопати во ваквите катастрофи страда и локалното население.

6-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

6. Дрвото тунел, Калифорнија

Во голема бура настрадало илјадници години старо стебло. За жал, тоа не го издржало силното невреме.

7-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

7. Дрвото во Тенере, Нигерија

Ова дрво важело за најизолираното стебло на светот, а единствено тоа успевало да преживее во суровата Сахара, сѐ додека во 1973 година не го срушило пијан возач на камион од Либија.

8-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

8. Камењата Мукуроб во Намибија

Името во превод значи „Прст божји“. Тие се срушиле на 4 декември 1988 година.

9-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

9. Националниот парк 12 апостоли во Австралија

За жал, виновен е човечки фактор за исчезнување на ова ремек-дело од природата. Последниот апостол се срушил во 2005 година пред очите на туристите кои сакале да го фотографираат.

10. Старецот од планината во Њу Хемпшир

Таинствен профил, кој бил познат и како Големо камено лице, повеќе не потсетува на Старецот од планината бидејќи се срушил на 3 мај, 2003 година.

11-10-chuda-na-prirodata-koi-povekje-ne-postojat-www.kafepauza.mk_

Мајката природа е најдобриот креатор што може да постои, а најдобар доказ за тоа се овие неверојатни оптички илузии создадени од природата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар