Апостолки со форма на мачки го освојуваат светот на социјалните мрежи

Сите знаеме дека кога станува збор за Јапонците, тие создаваат најуникатни и најневеројатни производи. Токму затоа и сигурно уште одма штом ги погледнавте овие апостолки, веднаш помисливте дека се нивно производство!

Апостолките биле создадени од страна на компанија наречена Нјара Гета и се комбинација од традиционалните јапонски обувки и модерните „мачкести“ трендови. Тие исто така се направени и од мек материјал, наместо од класичниот дрвен материјал. На кратко, нема поудобни обувки што би можеле да ги носите во текот на топлите летни денови!

Еден пар апостолки чини 3.780 јени, односно 1.410 денари. Во моментов има 9 различни дизајни кои се комбинирани со летно кимоно за целосно летно искуство. Па, што мислите? Дали би сакале да ги имате овие интересни апостолки?

Направете сами: Апостолки со бисерчиња!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар