Дали мачките навистина се плашат од краставици?

Ако чувате мачка, постојат големи шанси и дека поминувате многу време гледајќи најразлични видеа со овие крзнени животни на Интернет (не грижете се, не ве осудуваме!). Токму затоа и знаеме дека веќе сте наишле на оние бизарни видеа каде што мачките се плашат од краставици. Во овие видеа, најчесто мачето е свртено со грб кога некој поставува краставица зад него и кога тоа ќе се сврти, шокирано скока и бега. Па, што е причината за оваа реакција?

Една од популарните научни теории е дека краставиците ги потсетуваат мачките на змии.

„Во гените на мачките е всаден инстинкт да избегнуваат змии“, објаснува Кон Слободичкоф, бихевиорист за животни. „Краставиците изгледаат слично на змии, па веднаш го активираат инстинктивниот страв на мачките.“

Другата теорија, која е прифатена од повеќето луѓе, е дека мачката не се плаши од краставицата, туку од ненадејното појавување на нешто што не било досега таму.

„Јас сум ветеринар скоро 18 години и сигурен сум дека мачките воопшто не се плашат од краставици“, објаснува д-р Кејти Нелсон, ветеринар. „Имајќи го тоа на ум, мачките се плашат од објекти што се појавуваат од никаде.“

Ова има смисла, се согласувате? Мачката почнува да јаде, некој тивко се провлекува покрај неа, остава предмет со чудна форма, и кога таа се врти се исплашува. Ако подобро размислите, сигурно и вие би се исплашиле во истата ситуација.

„Епа ете го одговорот. Иако овие видеа изгледаат навистина урнебесно, сепак не е добра идеја да си играте така со вашето маче бидејќи трауматизирате“, додава Нелсон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар