Топ 5 содржини за изминатата недела (15.8.-21.8)

Топ 5 содржини за изминатата недела (15.8.-21.8)

Направивме селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (15.8.-21.8)

1. 20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другите

Вашето поставување игра многу голема улога во градењето на односите со луѓето. Доколку сакате да воспоставите силна и трајна врска со некого, секогаш треба да внимавате во почитувањето на неговите граници и толерирање на ситните и занемарливи работи кои вам лично ви сметаат. Сепак, секој однос зависи од взаемното почитување. Ова се 20 совети кои секој треба да ги почитува, за да има добра комуникација и здрав однос со луѓето околу себе.
.

2. Близначка ù го спасила животот на сестра ù во мајчината утроба

Андреа Гудрич била 20 седмици бремена кога ги слушнала тажните вести дека е неизбежно да ги изгуби двете бебиња. Како и да е, вчера таа ги лулкала нејзините две здрави ќеркички, откако едната ù го спасила животот на другата, уште пред тие да се родат.
.

3. Реклами од минатото кои денеска би биле забранети

Многу денешни реклами не се во согласност со човековата етика и моралните стандарди, но кога ќе ги погледнете овие реклами од минатото, ќе сфатите дека денешниве се одлични. Покрај тоа што се дискриминаторски, деградирачки и расистички, повеќето од нив содржат лаги, но сакале или не, тие се дел од историјата и најверојатно вечно ќе останат таму.
.

4. Гаража претворена во фантастична куќичка

На сите ни е интересно да гледаме како од луѓето кои имале потреба од некои физички корекции прават вистински ѕвезди, „крш“ автомобили кои ги трансформираат во возила кои не знаеш дали повеќе сакаш да ги гледаш или да ги возиш и домови кои по преуредувањето не можат да се препознаат. Креативноста и умешноста во уредувањето на внатрешниот простор е неопходна, но веројатно треба и многу повеќе, ако на располагање имате една стара гаража од 23 квадрати. Мишел дела Вега, визуелен артист, дизајнер на простор и поставувач на уметнички инсталации од Сиетл, од неа, направила чудо.
.

5. Водич за комбинирање бои во вашата гардероба

Да се соочиме. Повеќето жени сме ограничени кога станува збор за експериментирање со различни бои во нашата гардероба. Така, кога одиме да купуваме чевли најчесто одбираме црни, кафени, а не виолетови, сини или жолти. Како основна боја во облекувањето ја користиме црната или белата и ја комбинираме со некоја друга боја, бидејќи нели црно и бело одат со сè! По излозите во бутиците игнорираме сè што има чудно име на боја како тиркизна или циклама, бидејќи сметаме дека тие бои не би ни стоеле нам. Но, дали таквото ограничување е добар избор?
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар