Гаража претворена во фантастична куќичка

Гаража претворена во фантастична куќичка

На сите ни е интересно да гледаме како од луѓето кои имале потреба од некои физички корекции прават вистински ѕвезди, „крш“ автомобили кои ги трансформираат во возила кои не знаеш дали повеќе сакаш да ги гледаш или да ги возиш и домови кои по преуредувањето не можат да се препознаат. Креативноста и умешноста во уредувањето на внатрешниот простор е неопходна, но веројатно треба и многу повеќе, ако на располагање имате една стара гаража од 23 квадрати. Мишел дела Вега, визуелен артист, дизајнер на простор и поставувач на уметнички инсталации од Сиетл, од неа, направила чудо.

Ова е фото-приказна од типот „пред и потоа“, а во неа се раскажува за преобразбата на една гаража во фантастично место за живеење. Мебелот и употребените елементи се претежно стари, но поправени или рачно изработени. Основната градба е дигната за 1,2 метри каде се наоѓа просторот за спиење, а еден дополнителен квадратен дел е додаден за бањата.

За целото реновирање, Мишел потрошила само 23.000 долари. Па, ако имате гаража која не ја користите, размислете што сè би можеле да направите од неа: канцеларија за работа, уметничко студио, гостинска куќа? Можностите се големи. Верувале или не, изнајмување на просторот за гаражни бендови, не е единствен начин тој да се искористи.

Гаража претворена во фантастична куќичкаГаража претворена во фантастична куќичкаГаража претворена во фантастична куќичка

Гаража претворена во фантастична куќичка

Печката на дрва во овој дом изгледа како своевидна скулптура, која е придружена со уметничките инсталации на Мишел.

Гаража претворена во фантастична куќичка

Интересен, иако необичен начин на организирање на елементите во кујната. Гајбите во улога на фиоки и кутиите под нив создаваат отворен простор за чување на предметите.

Гаража претворена во фантастична куќичка

На перниците во стаклените кутии се нацртани старите архитектонски цртежи на татко ѝ на Мишел. Овој носталгичен елемент е во негова чест.

Гаража претворена во фантастична куќичка

Старо шкафче кое, како и останатите стари употребувани предмети, му дава длабочина и персоналност на просторот.

Гаража претворена во фантастична куќичка

Гаража претворена во фантастична куќичка

Едноставен, смирувачки дизајн во бањата, со голема када.

Гаража претворена во фантастична куќичкаГаража претворена во фантастична куќичкаГаража претворена во фантастична куќичка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар