За што најмногу се користат паметните телефони?

Мобилните телефони со текот на годините се променија многу. Од тешки цигли со огромни антени се претворија во елегантни и минималистички уреди, со екрани на допир, оперативни системи, милиони разни апликации и пристап на интернет. Двата најголеми, а воедно и конкурентни табора на Андроид и Ајфон, постојано се натпреваруваат околу паметните телефони, обидувајќи се да ги подобрат своите производи и да бидат секогаш чекор понапред.За што најмногу се користат паметните телефони?Но дали некогаш сте се запрашале за што најмногу се користат паметните телефони? Кои нивни карактеристики се најмногу користени? Овој иконографик, направен од „Татанго“, компанија за СМС маркетинг, покажува дека текстуалните пораки, односно СМС-пораките се најкористената карактеристика, дури и кај паметните телефони. Првото место тие го делат со фотографирањето, а позади нив следи сурфањето на интернет. Вие за што најмногу го користите вашиот паметен телефон?За што најмногу се користат паметните телефони?

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар