Бидете офлајн само за одредени Фејсбук пријатели

Четувањето на Фејсбук е супер опција, ве одржува во контакт со пријателите, и тоа во секое време. Но, вашата листа со пријатели сè повеќе и повеќе се зголемува, па некогаш едноставно немате време за да ви досадуваат десетици различни луѓе.Бидете офлајн само за одредени пријатели на Фејсбук Некои луѓе киснат на Фејсбук и не водат сметка за вашето време, па за ваквите мора да преземете нешто. Направете трик.Бидете офлајн само за одредени пријатели на Фејсбук

  • Чекор 1: Кликнете на „Chat” на долниот десен агол од прозорецот додека сте најавени на вашата корисничка сметка. Ќе ја видите листата на сите ваши онлајн пријатели.
  • Чекор 2: Кликнете на „Friends Lists” и креирајте нова листа со впишување на името „Blocked“ на местото каде што пишува „Create a new list“.
  • Чекор 3: Повторно кликнете на „Chat” и потоа на „Friends Lists” за да ја најдете штотуку креираната листа. Кликнете на линкот „edit“ веднаш до вашата нова листа. Ќе ви се појави прозорче со листа на сите ваши онлајн и офлајн пријатели, од која треба да ги изберете оние за кои сакате да бидете невидливи, односно да им се прикажувате офлајн. На крај кликнете на „Save list“ .
  • Чекор 4: Кликнете на зеленото копченце кое ќе стане сиво што го покажува вашиот офлајн статус за пријателите кои ги ставивте во листата на блокирани. Ако кликнете повторно, ќе им се прикажете онлајн.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар