Пристигна SKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник

За комфорно и безбедно возење во кое ќе уживате

Оваа зима и македонските возачи ќе можат со своите семејства да уживаат во патувањето и зимскиот одмор со новиот автомобилски убавец ŠKODA Rapid Spaceback, благодарение на генералниот импортер за ŠKODA – „Porsche Macedonia“. Атрактивен и економичен, првиот хечбек модел во компактната класа на ŠKODA гарантира пријатно, едноставно и практично патување на радост на целото семејство.

Пристигна ŠKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник

Škoda Rapid Spaceback нуди комфорно место за пет лица и простран багажник со волумен од 415 литри, како и импресивен простор за нозете и главата, кои гарантираат пријатно возење. Овој компактен автомобил вклучува многу решенија како што е двоен под во багажникот на возилото кој го дели подот со две хоризонтални прегради кога е потребно, гребалка за мраз поставена во внатрешноста на поклопецот на резервоарот, многу држачи за различен товар, мрежи и прегради во багажниот простор, што на патниците им овозможува едно поинакво и поудобно зимско возење и големо олеснување во поглед на тоа дека можат да си ги понесат сите лични нешта неопходни за патување или пак уживање во зимскиот одмор. Со својата просторност, функционалност, како и со својот дизајн, несомнено поставува нови стандарди во својот сегмент и е идеален автомобил за младите луѓе и за семејствата.

Пристигна ŠKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник

Rapid Spaceback освојува уште од прв поглед со својот уникатен дизајн – комбинација од спортска свежина и динамична елеганција. Динамичната силуета на Rapid Spaceback ја одбележуваат јасни линии, динамични контури, како и посебни шик моменти кои го прават атрактивен и привлечен. Уште еден специјален детаљ кај овој автомобил е тоа што по желба може да се нарача и со панорамски стаклен покрив кој се протега од ветробранското стакло до прозорецот на петтата врата, со што е најголемиот стаклен покрив кој некогаш е понуден кај моделите на Škoda! Ова им нуди на патниците непречен поглед кон небото, доволно светлина во кабината и чувство за простор, како и слобода при возењето за кое само небото е граница!

Пристигна ŠKODA Rapid Spaceback – новиот градски заводник
Внатрешноста е комфорна и елегантна, прегледна и надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни” решенија , корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно.

Моторите кои се вградуваат се четири бензински и две дизел верзии. Новиот Rapid Spaceback е опремен со безбедносната опрема која стандардно се нуди во моделите на ŠKODA, со бројни активни и пасивни безбедносни системи.

ŠKODA Rapid Spaceback е идеален автомобил за семејствата кои се во потрага по простран прв автомобил, кој ги комбинира достапната цена и познатиот квалитет на ŠKODA.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар