Леден чај со зачини

Леден чај со зачини

Зачинет богат вкус кој освежуваЛеден чај со зачиниПотребни состојки за 4 чаши:

  • 0,5 литри вода
  • 0,5 безмасно млеко
  • 4 вреќички црн чај
  • 1 стапче цимет
  • 1 супена лажица мед
  • 5 каранфилчиња
  • половина кафена лажичка екстракт од ванила
  • еден прстофат морско оревче
  • неколку зрна кардамом
  • малку ѓумбир

Начин на подготовка: Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги вреќичките чај, медот, циметот и останатите зачини. Исклучете ја ринглата, но садот со течноста оставете го на неа уште пет минути. Потоа процедете ја и ставете ја во фрижидер за добро да се излади. Потоа додадете го и безмасното млеко и чајот е спремен за послужување.Леден чај со зачини


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.