Порше Македонија претстави два нови модели на ŠKODA, новите KODIAQ и Octavia

Порше Македонија, за љубителите на квалитетни автомобили со пристапни цени, претстави уште два нови прекрасни модели, со што и официјално започна продажбата на новиот Skoda Kodiaq и новата Skoda Octavia во Р. Македонија. Најновите модели на Škoda ги пренесуваат сите предности на брендот: модерен дизајн, карактер, извонреден внатрешен простор, практичност и иновативна технологија, која единствено може да се најде кај повисоките класи на возила.

1-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

„Глобалниот пазар наметнува едно силно темпо кое ние постојано го следиме во чекор, и кое е причина што новитетите кај нас никогаш не изостануваат. Напредната технологија и новите модели ги добиваме паралелно со нивните европски премиери и ви ги испорачуваме во истиот миг. За вас секогаш го испорачуваме најдоброто, последната технологија, најновиот дизајн, за вас критериумите ги поставуваме секојпат повисоко и одиме чекор подалеку, планираме повеќе отколку што замислувате, а достигнуваме и повеќе отколку што очекувате“ – изјави Генералниот Менаџер на Порше Македонија г-динот Златко Муцунски посакувајќи им добредојде на присутните.

Притоа додаде: „Раскошни, безбедни и практични, совршено дизајнирани и прецизно изработени, нашите возила не се само превозни средства туку се ваш верен сопатник и сигурен партнер на сите патувања. Денес ќе ви пружиме не едно туку две нови задоволства. Таа (ŠKODA Octavia) – елегантна, атрактивна и освежена ќе ги измами вашите воздишки на прв поглед. Тој (ŠKODA Kodiaq) – моќен, впечатлив и самоуверен ќе ве освои и поведе во нови авантури.“

2-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

„ŠKODA со првиот голем SUV влегува во сосема нов сегмент и освојува нова група на клиенти. Новиот ŠKODA модел е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, поголемата удобност, безбедност и информации во реално време. Технологијата која се вградува во KODIAQ е својствена за повисоката класа на возила, затоа новиот SUV на ŠKODA е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ нуди повеќе од 30 ‘Simply Clever’ решенија, од кои седум се сосема нови“ – истакна г-дин Миле Станчев бренд менаџер за ŠKODA и додаде: „Особена чест ми е да ви ја претставам и новата ŠKODA Octavia која ја започнува третата декада од својата успешна приказна со докажани предности и нови квалитети. Сеопфатното освежување на чешкиот бестселер се истакнува преку впечатливиот дизајн, рафинираниот амбиент и големината на внатрешниот простор.“

6-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

ŠKODA KODIAQ ги нуди сите предности на брендот: добро обмислена функционалност, супериорен внатрешен простор и одлична вредност за парите. Најголем багажник во однос на конкуренцијата и опционален трет ред на седишта го прават новиот SUV идеален придружник кој ги задоволува секојдневните барања. ŠKODA KODIAQ е супериорен и кога станува збор за системите за помош на возачот, информативно забавниот систем и поврзувањето, моделот докажува дека Škoda има многу иновативни решенија, нудејќи технологија својствена за повисоката класа на возила, затоа KODIAQ е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ, го пренесува новиот дизајнерски јазик во SUV сегментот, а со тоа ја засилува емотивната моќ на брендот. Теренецот е погоден за бизнис патувања, но и за семејни дружења во слободното време, тој со леснотија вози надвор од патот. LED светлата доаѓаат како стандард во задниот дел и ја имаат карактеристичната C – форма типична за ŠKODA.

3-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

Моделот е достапен во 14 бои – четири стандардни и десет металик бои. Опремата варира во зависност од трите нивоа на опременост – Active, Ambition и Style. ŠKODA KODIAQ е долг 4.697 mm, широк 1.882 mm и 1.676 мм висок, меѓуоскиното растојание изнесува 2.791 mm. KODIAQ се базира на MQB платформата, а лесната конструкција игра важна улога. Јасниот надворешен дизајн е пренесен и во внатрешноста: двојните линии, со нивниот тридимензионален изглед ја истакнуваат инструмент таблата.

Бројни новитети овозможуваат дополнителна удобност, на пример кај предните седишта предвидено е загревање, вентилирање и електронско прилагодување, опција која вклучува и мемориска функција. Задните седишта на ŠKODA KODIAQ, исто така, нудат разновидни опции на преклопување и овозможуваат транспорт на предмети долги до 2,80 m. Уште две седишта во третиот ред се на располагање како опција – со што ŠKODA KODIAQ е првиот модел од поновата историја на брендот со 7 седишта. Кога станува збор за пространоста тука ŠKODA поставува стандарди, багажниот простор кај ŠKODA KODIAQ изнесува 720 l, а може да се зголеми до 2,065 l. KODIAQ го нуди најголемиот багажник во својата класа.

5-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

Новите „Simply Clever“ решенија кои се достапни со ŠKODA KODIAQ се уште еден доказ дека ŠKODA секогаш нуди автомобил кој вреди малку повеќе во однос на неговата цена – со системи за практичен и удобен секојдневен живот, типично за брендот. Ново „Simply Clever“ решение е заштитата од рабовите на вратите, кое се активира автоматски при отворање на вратата на автомобилот и спречува контакт со ѕидот на гаражата или соседните автомобили. Кога вратата се затвора, пластичните амортизери сами се повлекуваат. Со ова „Simply Clever“ решение ќе ги спречите ударите и гребнатинките на вашиот автомобил, како и оние на останатите паркирани возила.

7-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

Иновациите продолжуваат и кај системите за помош на возачот тука се системот за влечење приколка, камери со приказ на просторот околу возилото, ретровизори со широк агол, Front Assist систем кој внимава на возилата и пешаците пред возилото, со систем за итно сопирање во градски услови, адаптивен темпомат, систем за движење во лента, систем за откривање на возилата во мртвиот агол, ŠKODA Connect Google Earth™ топографскиот преглед како и Google Street View™.

Со лансирањето на новиот ŠKODA KODIAQ се вградуваат пет мотори, два дизел TDI и три бензински TSI мотори, со капацитет од 1,4 до 2,0 l излезна моќност која се движи од 92 kW (125 КС) до 140 kW (190 КС). Моторите со турбо директно вбризгување ги исполнуваат EU6 стандардите. Сите мотори имаат Stop-Start систем, со функција за обновување на енергијата при сопирање и моќен термо управувачки систем, кој придонесува за ниска потрошувачка и покрај големата моќност на моторите. ŠKODA KODIAQ зависност од моторот е достапен со повеќе различни менувачи. 6-степен мануелен менувач или DSG менувач со шест или седум брзини. Новиот 7-степен автоматски менувач со двојна спојка за прв пат се вградува со моќните мотори на ŠKODA со вртежен момент до 600 Nm.

8-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

ŠKODA Octavia ги комбинира типичните предности на брендот и придонесе значително за растот на чешкиот производител со повеќе од 5 милиони продадени автомобили до денес. По сеопфатното освежување, третата генерација на моделот, кој беше воведен во 1996 година, уште еднаш ја нагласи врвната форма, како визуелно така и во поглед на технологијата. Во прилог на поголемата внатрешност и исклучителна вредност за вложеното, ŠKODA Octavia сега нуди повеќе системи за безбедност и поголем комфор, со што ја засилува својата одлична позиција во сегментот.

9-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

Измени на дизајнот направени како дел од сеопфатната надградба на моделот овозможи ŠKODA Octavia да има дополнителни единици за осветлување во рамките на предните светла, со кристален изглед, динамичен и емотивен севкупен впечаток. Отсега новите LED светла се достапни со Ambition нивото на опрема. Покрај видливиот дел кај новата ŠKODA Octavia вградени се нови високо – квалитетни материјали, широк спектар на мотори: четири TSI бензински и четири TDI дизел мотори, DSG менувачи како опција достапни за речиси сите мотори, пет нови системи за помош на возачот со кои се зголемува удобноста и безбедноста, нов забавно – информативен систем, ŠKODA Connect – интернет услуги, забава, удобност и помош, како и неизбежните „Simply Clever“ решенија за секојдневна практичност.

10-porshe-makedonija-pretstavi-dva-novi-modeli-na-skoda-novite-kodiaq-i-octavia-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар