Како да ја подобрите лошата љубовна карма?

Зошто некои луѓе имаат среќа во љубовта, додека пак други поминуваат само низ лоши љубовни искуства? Дали станува збор за случајност или пак, за нешто повеќе? Ако верувате во реинкарнација и во карма, тогаш сигурно не верувате во коинциденции – за вас едноставно сè е случува со причина. Но, што поточно е љубовната карма?

Како да ја подобрите лошата љубовна карма?

Тоа е резултат на нечии постапки во минатото, од овој или од претходниот живот, без разлика дали личноста се сеќава на истите или дали верува во теоријата за реинкарнација. Оние со добра љубовна карма, во претходните животи се однесувале кон своите партнери со интегритет, љубов и сочувствување. Од друга страна пак, оние со лоша љубовна карма, најверојатно се однесувале без почит, себично, љубоморно и алчно.

Но не грижете се. Постојат неколку начини на кои можете да ја победите лошата љубовна карма и конечно да почнете да имате здрави и среќни врски. Целта е да стекнете свесност и разбирање, што води кон простување – клучот за ослободување од минатото и започнување од почеток. Едноставно следете ги следниве 3 чекори и брзо ќе забележите разлика.

1. Откријте ги своите блокади и ослободете се од нив

Еден од најефикасните начини да ги откриете и да се ослободите од причините за лошата карма е токму медитацијата. Дури и да не верувате во реинкарнација, вие ќе можете да најдете мир во вашите мисли, а со тоа и да си ја подобрите добросостојбата за да можете понатаму да изградите добра врска. Ако вие не сте среќни самите со себе, не можете да очекувате да бидете среќни ни со друга личност.

2. Простете си себеси и на сите оние што ве повредиле

Кога ќе им простите на другите, тоа го правите за ваше добро. Законот на кармата никогаш не им дозволува на луѓето да поминат неказнети, па затоа и нема потреба да се труете со негативни емоции на лутина. Кога-тогаш, тие ќе си го добијат своето. Дури и кога не сте свесни за овие негативни чувства, тие ве јадат однатре! Зошто да си дозволите ваква саботажа на животот?

3. Реагирајте правилно и во соодветното време

Научете како да ги следите своите сопствени љубовни циклуси. Кога ќе ја развиете свесноста за она што се случува во вас, како и за емоциите што владеат во самата врска, ќе бидете способни да реагирате на вистинскиот начин, во вистинското време и така ќе ги спречите проблемите дури и пред да се појават. Идејата е да бидете отворени за сè она низ што поминувате, да бидете присутни во моментот и да не доаѓате до пребрзи заклучоци.

Како што можете да видите, вие самите сте доволно моќни за да го подобрите сопствениот живот. Сите одговори се во вас, треба само да ги пронајдете. Медитацијата ќе ви помогне да ја проширите вашата свесност и да поставите рамнотежа што потоа ќе ви помогне да бидете посмирени и поупорни во вашата потрага. Новиот почеток ќе ве чека зад следниот агол!

Можеби ќе ве интересираат и 12-те закони на кармата!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар