11 мали акти на добрина што ќе ве направат подобра личност

11 мали акти на добрина што ќе ве направат подобра личност

Истражувањата постојано ни покажуваат дека добрината ја подобрува нашата добросостојба. Добрите дела не постојат само во приказните и од нив немаат придобивки само оние за кои биле наменети – баш напротив, тие се често застапени во секојдневниот живот и од нив најмногу добиваат оние што ги практикуваат. Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да го вежбате вашиот алтруизам и на тој начин да станете подобра личност, најпрво за себе, а потоа и за другите околу вас.

11 мали акти на добрина што ќе ве направат подобра личност

1. Насмевнете се на случаен минувач

Не го избегнувајте контактот со очите. Истражувањата покажале дека размената на насмевка со непозната личност може да го зголеми чувството на социјална поврзаност.

2. Задржете ја вратата за некого и посакајте му/ѝ добар ден

Едноставно? Да. Моќно? Повеќе одошто можете да замислите. Поголемиот дел од луѓето постојано живеат под стрес, па со оваа постапка можете да ги потсетите на убавите моменти во животот.

3. Донирајте пари на значајна организација

Ниту еден придонес не е премногу мал. Истражувањата покажуваат дека човечките суштества се изградени од емпатија, па затоа и сме толку мотивирани да помогнеме при борбата против неправдите.

4. Подарете искрен и длабок комплимент

„Ми се допаѓа твојот џемпер“ звучи убаво, но оваа пофалба многу брзо се заборава. Ако сакате навистина да освоите некого со комплимент, еве како можете да го сторите тоа.

5. Волонтирајте

Помогнете им на луѓето и на животните во неволја. Истражувањата покажуваат дека волонтерството може да нè направи посреќни и да ги намали симптомите на депресијата.

6. Испратете благодарност во форма на писмо

Време е да им кажете на луѓето во вашиот живот колку ви значат! Најдете пенкало и лист хартија и запишете ги сите оние нешта што сакате да ги кажете гласно, но постојано се премислувате. Пишаното изразување е многу полесно, а има огромно терапевтско влијание.

7. Простете некому

Постои моќ во простувањето. Проширете ја добрината така што ќе ја дадете на оние што некогаш сте сметале дека не ја заслужуваат. На овој начин ќе го зајакнете вашето емоционално, но и физичко здравје.

8. Помогнете ѝ на личност што изгледа како да се бори

Едно мало дело може да создаде огромна разлика. Помогнете ѝ на мајка со количка по скали или пак, подајте му 100 денари на гладен бездомник.

9. Прегрнете сакана личност

Луѓето цутат со интимност. Студиите покажале дека само една прегратка може да го намали крвниот притисок, да го истреби стравот и да го отстрани стресот.

10. Однесете го кучето на долга прошетка

Кучињата нè сакаат безусловно. Возвратете им ја љубовта така што ќе поминете малку повеќе време со нив, без разлика дали станува збор за вашето куче, она на соседите или пак, некое од засолниште за животни. Кучињата можат да ги намалат чувствата на осаменост, како и да го спуштат крвниот притисок.

11. Секојдневно кажувајте си по една позитивна работа во огледало

Уште подобро ако тоа не е поврзано со изгледот. Истражувањата покажале дека самоприфаќањето е клучот за здрав и среќен живот, а вие го заслужувате тоа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар