Моќта на насмевката

Смеењето прави да се чувствуваме подобро, но со насмевката им пренесуваме добро и на другите околу нас. За денес ви направивме селекција на најубавите мисли за моќта на насмевките, кои се надеваме дека ќе ве инспирираат почесто да ги носите на себе.

Моќта на насмевката

 

„Денес, подарете му насмевка на некој непознат. Тоа може да биде единствената светлина што тој ќе ја види во текот на денот.“ – Х. Џексон Браун Џуниор

„Насмевката ќе го збуни намуртениот лик кој ви приоѓа.“ – непознат автор

„Луѓето ретко ја забележуваат старата облека, доколку носите широка насмевка.“ – Ли Милдон

„Насмевката е крива која ги исправува сите работи.“ – Филис Дилер

„Светот секогаш изгледа посветло кога ќе се погледне од зад насмевка“. – непознат автор

„Пред да наместите намуртена фаца, проверете дали немате насмевка на располагање.“ – Џим Бегс

„Насмевката е евтин начин да си го промените изгледот.“ – Чарлс Горди

„Брчките треба само да покажуваат каде претходно имало насмевка.“ – Марк Твен

„Опљачканиот што се смее, краде нешто од крадецот.“ – Вилијам Шекспир

„Ако се смеете кога нема никој околу вас, навистина се чувствувате така.“ – Енди Руни

„Животот е како огледало, ги добиваме најдобрите резултати кога се смееме.“ – непознат автор

„Насмевката е онаа светлина што ѕирка од прозорецот на вашето лице, која им кажува на луѓето дека сте дома.“ – непознат автор

„Сите се смеат на ист јазик.“ – непознат автор

„Никогаш не заборавајте да бидете среќни бидејќи не знаете кој во моментот се заљубува во вашата насмевка.“ – непознат автор

„Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите.“ – непознат автор

„Носи насмевка и ќе имаш пријатели, носи намуртено лице и ќе имаш брчки.“ – Џорџ Елиот

„Смеењето е заразно,
можеш да го префатиш како грип.
Ако денес некој ти се насмевне,
ќе почнеш да се смееш и ти.“

– Керен Меклендон-Лауман

„Насмевката е најкраткото растојание меѓу двајца луѓе.“ – непознат автор

„Секое намуртено лице крие и облици на пријатни насмевки, кои само чекаат да бидат ослободени.“ – д-р Санволф

„Ако не сте го започнале денот со насмевка, сè уште не е доцна да почнете да вежбате за утре.“ – непознат автор

„Насмевката е универзалното добредојде“. – Макс Истман

„Никогаш не сте целосно облечени без насмевка.“ – Мартин Чарнин

„Насмевката може да го осветли и најмрачниот ден.“ – непознат автор

„Смејте се. Тоа им овозможува на вашите заби да дишат.“ – непознат автор

„Смејте се! Тоа ја зголемува вредноста на вашето лице.“ – Роберт Харлинг

„Мирот почнува со насмевка.“ – Мајка Тереза

„Насмевката не чини ништо, но многу дава. Ги збогатува оние кои ја примаат без да ги осиромаши оние кои ја даваат. Одзема само момент, но сеќавањето од неа понекогаш може да трае засекогаш. Никој не е толку богат или моќен за да може да оди напред без неа и никој не е толку сиромав за да не може да се збогати со нејзина помош. Сепак, насмевката не може да се купи, не може да се бара, позајмува или краде. Таа е без вредност за никого додека не се подари. Некои луѓе се премногу уморни за да се смеат. Ним, подарете им една од вашите насмевки бидејќи никому не му треба насмевка толку многу колку на оној кој нема насмевка да даде.“ – непознат автор

„Потребни се 17 мускули за да се насмеете и 43 за да се намуртите.“ – непознат автор

„Потребен е голем напор за лицето да намести насмевка, но само помислете колку добро смеењето може да му донесе на најважниот мускул во вашето тело – срцето.“ – непознат автор

Се насмеавте денес?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар