Освежете ја врската: 5 нешта кои предизвикуваат поголемо задоволство од сексот

Идејата дека сексот е само физичка потреба на нашиот организам е целосно погрешна. Водењето љубов со својот партнер значи покажување емоции на најинтимниот, најстрасниот и најранливиот начин што може да постои меѓу две индивидуи. Меѓутоа, има и други начини на кои можете да ја покажете неизмерната љубов кон вашиот партнер.

1-ne-sveduvajte-ja-vashata-vrska-samo-na-seks-5-raboti-koi-ovozmozhuvaat-pogolemo-zadovolstvo-od-seksot-www.kafepauza.mk_

1. Изградете силно пријателство

Чинот на прифаќање и дозволување е многу важен во врската. Со самото тоа, многу е важно со вашиот партнер да станете добри пријатели. Да споделувате тајни, да раскажувате приказни и идеи меѓусебно. Кога го познавате добро вашиот партнер и знаете дека ви верува, ќе се чувствувате повеќе заљубено и сакано бидејќи окситоцинот во вашето тело ќе биде зголемен. Добрите пријателства градат здрави и интимни врски.

2. Поврзете се по пат на храната

Според најновите истражувања, готвењето со некого за кого имате чувство, заедничкото јадење или посетувањето часови по готвење создава природно возбудување помеѓу две индивидуи. Заедничкото готвење и вкусните оброци се одличен начин за да се поврзете на емотивно ниво. Упатете се во авантурата на готвењето и експериментирајте со храната.

3. Пронајдете активности и хобија што ќе можете заеднички да ги извршувате

Да се смеете и да се забавувате е преубава работа, а тоа веќе сигурно и самите го знаете. Направете заедничка листа на желби со активности кои двајцата сакате да ги правите и почитувајте ги желбите на другиот. Одете на прошетка, на трчање, запишете се на часови по сликање и така натаму. Само продолжете да ги правите работите кои интелектуално и физички ве стимулираат двајцата. Правете некоја активност која ќе создаде хармонија и ќе изгради доверба во вашата врска.

2-ne-sveduvajte-ja-vashata-vrska-samo-na-seks-5-raboti-koi-ovozmozhuvaat-pogolemo-zadovolstvo-od-seksot-www.kafepauza.mk_

4. Откријте ја вашата ранлива страна

Кога ќе се поврзете за вашиот партнер ментално, со самото тоа се поврзувате и физички и емотивно. Да ги признаете вашите најголеми стравови и ранливости можеби не е лесно, но тоа е најдобриот начин да се зближите. Спротивставувањето на мрачната страна од вашата личност ќе ви донесе мир и ведрина во вашиот живот.

5. Бидете нежни

Постојат повеќе начини за да бидете нежни. Галењето, бакнувањето, како и држењето за рака, претставуваат еден вид искажување љубов. Можете да му напишете на вашиот сакан писмо, да му направите честитка, да му купите цвеќе, или пак да му купите некоја ситница која многу ќе му значи. Со многу мали работи можете да направите другата личност да се чувствува сакано.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар