Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори

Оваа едноставна ламба со модерен дизајн е идеален декоративен детаљ за сечиј дом. За нејзината изработка нема да ви биде потребно ниту многу време, ниту многу пари, туку само малку труд и имагинација.

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори

Потребен материјал:
  • Машински шраф со должина од 6 до 12 милиметри
  • Шестоаголни навртки кои одговараат на шрафот
  • Маркер
  • Скалпел
  • Самолеплива лента
  • Рамен и флексибилен материјал што не гори (посебни видови хартија, кожа, ткаенина, метална мрежа…)
  • Кабел со врат за сијалица
Начин на изработка:

1. Исечете го материјалот за абажурот. Стандардната големина за изработка е 22х28 сантиметри, но можете да експериментирате и со други димензии.

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори

2. Свиткајте го материјалот, а потоа со маркер обележете го местото на кое ќе го ставите шрафот. Конусот прицврстете го со самолеплива лента и исправете го доколку е потребно, за да не згрешите при правењето дупка за шрафот.

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори

3. Одмотајте го материјалот, ставете го на рамна површина и направете дупка за шрафот. Потоа повторно свиткајте го, но сега околу кабелот.

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори

4. Ставете го шрафот на обележаното место, затегнете го материјалот додека не го добиете посакуваниот облик, а потоа ставете ја навртката на шрафот за да го зацврстите дизајнот. Извлечете го кабелот од надворешната страна. Поставете ја сијалицата и задолжително проверете дали го допира абажурот.

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори

5. Закачете го кабелот на посакуваното место и вашата нова висечка ламба е спремна за употреба.

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар