Капитол Мол со хуман гест го прослави денот на жената

Викендов во трговскиот центар „Капитол мол“ се одржа необична хуманитарна креативно-едукативна работилница под мото „Подаруваме, остваруваме – од мајка за дете, од дете за дете“. Трговскиот центар во соработка со невладината фондација за деца со тешки болести „Златна рипка“, новотворената игротека „Посејдон“ и „Просветно дело“ ги вклучија најмладите во хуманост на дело каде им беа овозможени материјали за изработка на осмо мартовски честитки кои потоа беа продавани во трговскиот центар по симболична цена. Собраните пари ќе се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца.

1-kapitol-mol-so-human-gest-go-proslavi-denot-na-zhenata-kafepauza.mk

Настанот имаше за цел да мотивира што повеќе граѓани и компании да донираат за оваа најранлива категорија деца.

„Глетката на вработени вештите рачиња на дечињата и нивниот натпревар кој ќе направи поубава честитка за својата мајка викендов беше непроценлива. Настанот помина одлично и среќни сме што ни се отвори можност да ги едуцираме уште од најмалата возраст за важноста да се подарува и да се биде хуман. Ова беше еден невообичаен, а сепак толку соодветен начин да се прослави денот на жената. Парите кои ги собравме ќе бидат донирани за остварување на желбите на децата кои боледуваат од тешки болести. Исполнувањето на нивните желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре“, изјави Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на Капитол Мол.

Сите кои сакаат да донираат за болните деца може да се информираат на веб-страницата на фондацијата.

2-kapitol-mol-so-human-gest-go-proslavi-denot-na-zhenata-kafepauza.mk 3-kapitol-mol-so-human-gest-go-proslavi-denot-na-zhenata-kafepauza.mk 4-kapitol-mol-so-human-gest-go-proslavi-denot-na-zhenata-kafepauza.mk 5-kapitol-mol-so-human-gest-go-proslavi-denot-na-zhenata-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар