Традицијата раскажана низ песни и игри со проектот Етно-денови на Капитол Мол

Традицијата раскажана низ песни и игри со проектот Етно-денови на Капитол Мол

Поддржувајќи ги традиционалните вредности, во духот на фолклорот, старите обичаи и приказните што се пренесуваат од генерација на генерација, Капитол Мол креираше концепт на настани за своите потрошувачи со кои сака да ги издигне, уважи и потенцира своите заложби за чување и негување на културното богатство и традицијата.

tradicijata-raskazhana-niz-pesni-i-igri-so-proektot-etno-denovi-na-kapitol-mol-kafepauza.mk

Семејно ориентиран и уникатен во пристапот и овој пат Капитол Мол креираше сет на активности, игри, подароци, претстави, награди и многу забава секој викенд.

Почнувајќи од оваа сабота, 10 октомври во 12 часот со музика и танц на децата од фолклорното друштво Мирче Ацев, Капитол Мол ќе ги отвори своите врати за сите потрошувачи кои сакаат да научат нешто повеќе за традицијата и да се фотографираат за најавтентична етно фотографија покрај етно моделот доставен од Антикварницта – Пела Антик од старата чаршија.

Вечерта од 19 часот, Капитол Мол се претвора во големо кино и за своите најмали посетители организира проекција на детски филм синхронизиран на македонски јазик.

Следната сабота, на 17 октомври од 12 часот, Капитол Мол организира детска, интерактивна , музичко-драмска претстава „Музички волшепства“ со специјални гости: Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“ и детски фолклорни таленти од друштвото Орце Николов кои ќе изведуваат автентични македонски танци и ора.

На 24 октомври од 12 часот, Капитол Мол одново приредува детска, музичко-драмска претстава со маестро Зоран Џорлев, а ќе настапуваат и детските фолклорни таленти од друштвото Орце Николов.

„Со овој проект сакавме да покажеме дека сме ‘носители на традицијата’ оние кои ја продолжуваат, учат и пренесуваат, бидејќи сметаме дека традицијата е таа од која ги црпиме сите вредности според кои живееме денес. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент, да учествуваат во работилниците, да научат нешто за традицијата и да си заминат одовде со вредни награди“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Секоја сабота од 19 часот, во Капитол Мол се организираат и редовни акустични концерти, а на 22 октомври, четврток, посетителите на Капитол Мол ќе уживаат и во промоцијата и мини концертот на бендот Памперс а.к.а. Pumperzz of the Fall, премирано пред нивната концертна турнеја во Америка.

Во неделите се планирани редовни детски настани на третиот кат, во периодот од 12 до 14 часот, со многу детски песни, забава, анимација и работилници.

Домаќин на настаните ќе биде прекрасната Вики Чадиковска.

Етно деновите се отворени за сите, а учеството во сите активности е бесплатно.

Дополнително, месец октомври во Капитол Мол е и месец на подароци.

Со секое пазарување над 500 денари се добиваат вредносни купони чии поени се генерираат и првите 223 учесници што ќе освојат најмногу поени добиваат вредни награди; првиот добива iPhone 6, вториот Sony Experia Т3 , третиот таблет, а и останатите ги очекуваат многу други награди.

За повеќе информации околу „Месецот на награди“ посетете ја веб-страницата www.capitolmall.mk/podaroci.

Капитол Мол. Твој мол. Твое место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар