Винчини постави природни елки во Капитол Мол. Повелете заедно да ги украсиме!

За претстојниот празничен период, Винчини постави декоративни природни елки во Капитол Мол кои го разубавија просторот, а воедно ќе служат и како природни прочистувачи на амбиенталниот воздух во молот.

(1) vinchini-postavi-prirodni-elki-vo-kapitol-mol-povelete-zaedno-da-gi-ukrasime

На прекрасните зимзелени дрвца не се поставени новогодишни украси, но наскоро тие ќе заблескаат во празнични декорации.

Винчини и Капитол Мол ги покануваат посетителите на молот да донесат украси по своја желба, рачно изработени, распар или постари украси кои веќе не ги поставуваат на своите елки во домот, па заедно да ги украсиме. Откако ќе бидат украсени, природните новогодишни елки ќе бидат донирани и засадени во дворовите на 10 градинки и училишта во Скопје.

(2) vinchini-postavi-prirodni-elki-vo-kapitol-mol-povelete-zaedno-da-gi-ukrasime

„Сите ние, возрасните и децата, најмногу се радуваме за време на празниците кога ја украсуваме новогодишната елка во домот.

Со оваа поинаква празнична акција, сакаме да ја споделиме и прошириме таа радост помеѓу луѓето кои случајно се среќаваат, едвај се познаваат или како соседи можеби немаат прилика да делат многу заеднички мигови.

Сега елките светат само со својата природна убавина, но ние се надеваме дека наскоро тие ќе бидат најубаво украсените новогодишни дрва во градот. Винчини ве поканува во Капитол Мол, да го поставите вашиот украс на елките и заедно да ја споделиме магијата на празниците“, вели Марина Андреева, маркетинг координатор во Винчини.

(3) vinchini-postavi-prirodni-elki-vo-kapitol-mol-povelete-zaedno-da-gi-ukrasime

Меѓу другото, природните елки кои сé уште се живи дрвја со корени во земја, се добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрва и грмушки се лепат секакви прашинки и нечистотии.

Новогодишните природни елки, изгледаат многу пораскошно од вештачките, а допринесуваат за потопла атмосфера и пријатен мирис во просторот.

(4) vinchini-postavi-prirodni-elki-vo-kapitol-mol-povelete-zaedno-da-gi-ukrasime

Во зимскиот период, кога жителите на Скопје се загрижени за квалитетот на воздухот во градот, секој вложен напор да се влијае позитивно на оваа ситуација е вреден и добронамерен.

(5) vinchini-postavi-prirodni-elki-vo-kapitol-mol-povelete-zaedno-da-gi-ukrasime

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар