„No Doubt“: од почетоците до повторното обединување

„No Doubt“: од почетоците до повторното обединување

Во долгоочекуваниот спот за „Settle down“, познатите членови на „No Doubt“ возат камиони, се среќаваат на едно место и се гушкаат – она што всушност го претставува нивното повторно обединување. Уште по првото гледање на спотот, ќе се навратите назад во 90-те и ќе се потсетите на нивните стари добри хитови.

Можеби се очекуваше голема промена на нивниот имиџ, особено поради фактот што водечкиот вокал на групата Гвен Стефани доживеа и одлична соло кариера, но таа сепак си остана доследна на самата себе и се појави со стариот имиџ по кој беше препознатлива. Додека ја гледате во најновиот видеозапис, заборавате дека станува збор за зрела жена, таа совршено знае да се носи со младешкиот дух, и после толку години ви се чини дека ништо не е сменето, тоа се старите добри „Ноу даут“!Повторно обединување на фантастичните „No Doubt“Од навидум наивна идеја за формирање на музичка група во текот на еден разговор во ресторан каде работеле тројцата основачи (Џон Спенс, Ерик Стефани и Гвен Стефани), до проби и свирки по гаражи, оваа рок група станува вистинска атракција на 90-те години, очекувано или не. Препознатливи по одличните вокални способности на Гвен, добриот рок и примесите на реге, нивниот успех бил загарантиран.

Сегашните членови на групата се: Гвен Стефани (водечки вокал), Том Дамонт (гитарист, клавијатури), Тони Канал (басист, клавијатури) и Едријан Јанг (тапанар).Повторно обединување на фантастичните „No Doubt“Првиот албум на оваа група, едноставно насловен „No Doubt“ од 1992 не доживеа некој голем успех. Следуваше уште еден албум во 1994 насловен „The Beacon Street Collection“, целосно продуциран од самите членови на групата и снимен во една гаража на улицата по која е крстен и самиот албум. Нивниот албум од 1995 „Tragic Kingdom“ навистина ја издигна популарноста на групата, а синглот „Don’t speak“ беше мегауспешен. Овој успех не го повторија со нивниот следен албум „Return of Saturn“ од 2000 година, но доби номинација за најдобар рок албум. Потоа следува „Rock Steady“ од 2001-та, со познатите „Hella Good“, „Hey Baby“, „Underneath It All“… Нивниот шести студиски албум насловен „Push and Shove“ ќе биде издаден на 25-ти септември оваа година.

Во меѓувреме Гвен се посвети на својата соло кариера, која беше доста успешна. Нејзиниот албум од 2006-та насловен „Love. Angled. Music. Baby.“ ги донесе познатите: „What You Waiting For?“,  „Rich Girl“, „Hollaback Girl“, „Cool“…

Потоа следуваше „The sweet escape“ во 2006 со хитовите како: „Wind It Up“ и „4 In The Morning“. Самата Гвен се јавува како автор на некои од песните, а соработката со останатите членови од групата не прекинува целосно во текот на снимањето на овие соло албуми. Повторно обединување на фантастичните „No Doubt“Гвен Стефани беше назначена за најпродаван женски музички изведувач во 2005 година, инспирацијата за музиката од нејзините два соло албуми ја пронашла во музиката од 80-те, а исто така многу важна инспирација ù беше јапонската култура и мода, што можеме да го забележиме во нејзините видеозаписи. И понатаму останува оригинална и вистински пример за тоа каква треба да биде една музичка ѕвезда.Повторно обединување на фантастичните „No Doubt“Можеме да бидеме сигурни дека овој албум на „Ноу даут“ уште еднаш ќе го потврди квалитетот на оваа група.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар