Љубомора – сигурен убиец на секоја врска!

Автор: Катерина Неделкоска

Денес почнав да размислувам за љубомората. Дали е добро да ја има и ако да, во која количина?! Ако ме прашувате мене, малку љубомора е корисна за секоја врска. Кога викам малку, значи ептен малку, еве на пример она мутаво чувство што се јавува од време на време, поради опасноста дека може да ја изгубите личноста што ја сакате. И тоа е тоа. Без драми, без напади во јавност, а богами ни приватни напади, зашто од таква беља никој аир не видел.

Љубомора - сигурен убиец на секоја врска!

Исто како што јас не сакам дечко ми да ми драматизира и да паѓа во несвест секој пат кога некој ќе се поздрави со мене додека сме излезени, било да е дискотека, кафуле, па и на сред плоштад да е, небитно, и јас не сум склона на такви испади. Што порано си сфатиме дека тој некој си имал живот пред нас, живот што вклучува девојки, забави, секс, сè по ред, толку полесно ќе си продолжиме со врската. Па јас не сум светица, нели?! :) Сум имала и јас живот пред него, а ќе имам и после него.

Никако не можам да ги разберам оние партнери кои забегале до тој степен што си ги знаат пасвордите на Фејс, мејл, Твитер, пинови и заштитни кодови на телефоните, строго филтрирање на фејсбук-пријатели, девојката да нема бивши во пријатели или па не дај боже некои дечки што не ги знае лично, да не случајно ѝ остави некој од нив лајк или па коментар, скраја да е! Неговиот профил исто така никако да нема бивши девојки, девојки на пријатели, девојки што не ги познава лично, строго најтесен круг на пријатели и роднини. Што ќе му се школски пријателки, демек некогаш пак ќе ги види?! И мобилниот телефон. Кај нејзе 20-30 броеви од најблиските, и слики строго нивни заеднички, со други луѓе, никако! Исто и кај него. На пиво со другарите еднаш неделно, или уште подобро, еднаш на две недели, што ќе му е толку пиво, уште па да се здебели на крај. 😀 Кафе/коктели со пријателките онолку пати колку што него му е дозволено да излезе на пиво со другарите. Дискотеки и кафани не доаѓаат предвид за сингл излегувања, таму само заедно. Ако едниов малце повеќе испие, обавезно да не прават муабет во следните две недели, па тоа е сериозна грешка!

И да ви кажам што беше последното нешто што го слушнав за една врска на една девојка што не ми е блиска пријателка, но ете почувствувала потреба да ми се довери. Си ги знаат пиновите на кредитните картички, односно да бидам поконкретна, тој го знае пинот на нејзината кредитна картичка, па ѝ ја позајмува од време на време, да провери дали претерала со шопинг, или па да си купи нешто за него, ако не му стигнат неговите пари. Кааааде бе со тој муабет?! Мене татко ми не ми го знае пинот на картичката, а не па некој контрол-фрик кој по некоја случајност се погодил да ми биде дечко! Што е многу, многу е!

За моја среќа, јас овој љубоморниов ген или го имам во минимални неприметливи количини, или па воопшто го немам. А и уште една среќа моја, се гледам со дечко што исто така или го има во минимални неприметливи количини или воопшто го нема. Lucky me! 😀

Мене ми е смешна целата таа претстава со мобилните телефони, мојот телефон е моја приватна работа, исто како што неговиот телефон е негова приватна работа, и да ви кажам најискрено, воопшто не ме интересира ништо околу тоа. Исто и Фејсбук. Малку ми е налудничаво сето тоа контролирање на кој што каде пишал, единствено што може да се постигне е да си всадам некој сомнеж, и ете ми после главоболки за некоја што најверојатно или му е братучетка или школска или бивша, сеедно, не ме интересира. А од друга страна па не кријам ништо, мојот телефон секогаш стои на маса и воопшто не би ми било проблем ако некогаш не можам во моментот да кренам слушалка, а тој е поблиску да се јави.

Во мојов случај голема улога игра инаетот и забраните. Делуваат целосно контрапродуктивно, што повеќе забрани и правила добивам, толку ми е поинтересно да ги кршам. Сум била во врски во кои пробувале да ми наметнат некои правила и забрани, и истите завршиле со раскинување откако претходно сум ги направила сите бељи колку да докажам дека не следам ничии правила! Ама затоа вака кога ми е дозволено да имам свој живот и да правам што сакам, секако во граници на нормалата, баш и не ми е интересно да се глупирам. Ја давам истата слобода што ја добивам, и да ви кажам најискрено, тоа е најдобрата комбинација.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. mee Reply

    znaci isto mislenje imame za ljubomorata 😀 osobeno za krsenjeto pravila :))))

  2. Хејтер Reply

    Девојче воопшто незнам колку години имаш ама едно е љубомора а друго е мешање во својот личен живот секоја девојка\декочко си имаат свои заеднички работи ако тебе тоа тие глупаво и ти смета што некој дечко и го знае пинот или пак пасвордите на фејс меил и тн. Секој си знае колку може да дозволи на некој друг а инаку Љубомора – Сигурен убиец на секоја врска? хмм… и ти имаш љубомора како што си кажа значи и твојата врска ќе ја убиеш малце насловот со текстот не тие во ред. имаш некои ок работи ама доста нкои не ти се ок.

    • Waldorf Reply

      Па тебе штом толку те погоди делот за пасвордите од социјалните мрежи, значи си се пронашол.

      Се согласувам со се што е напишано во текстот, браво. :)

      • Хејтер Reply

        Хммм… неме погоди сакав да кажам дека секоја врска си знаат што ако мојата девојка ми го даде пасвордот? или пак јас ако и го кажам? мене пасвордот и такви работи неме интересираат ако мојата девојка сака да крие нешто од мене и да знам пасворд и ред други работи таа тоа ќе го сокрие него има некои работи во текстот за кои не е така. тоа сакав да кажам а дека ме погодиле воопшто НЕ. Не можеш да знаеш кај мене како е ако не си видел\a на невидено не може да се зборува …

  3. Катерина Неделкоска Reply

    Дечко, воопшто не е битно колку години имам, тоа не е тема на муабет во текстов, а ако ти е во ред сета таа драма со пасворди, пинови, и слично, тогаш преиспитај си се себеси затоа што очигледно нешто не е во ред со тeбе. Насловот е сосема ок, а ако твојата врска се заснова на пасвори од фејс , тогаш не можам да ти кажам ништо повеќе од тоа дека навистина ми е жал за тебе.
    За мојата врска не се секирај, мене ми е совршено добро! 😉

  4. :) Reply

    DISLIKE !!! ZA MNOGU RABOTI OD TEKSTOV ALI SEPAK INTERESEN TI E NASLOVOT

  5. roki Reply

    Se soglasuvam so “Hejter” sekoj so svoja vrska !!!
    Znaci ako si gi znaat paswordite toa e nivna rab ne krijat eden od drug nisto toa e vrska a ako ne gi znaat znaci po net se dodvoruvaat na drugi ili dozvoluvaat prifakjaat dodvoruvanje po siguren ubiec od ova ima li ?

  6. Gago Reply

    I jas se soglasuvam so hejter! Hejter za pretsedatel! :)
    Ok e statijava ama se gleda deka e napisana od nekoe mlado pilence…

  7. Mace Reply

    Jas se soglasuvam potpolno so tekstov, navistina e taka, a Roki toa za pasvorodi navistina ne si vo pravo, ako devojkati te saka nema da se dodvoruva na drugi, ke znae sto pravi, ako ti ne i veruvas treba da ima i zasto, ako ona ne te ceni vaka nema da ja drzis pod kontrola posto ona moze i dr fb da ima a ti da ne znaes :/ a ako smrlja sekako eden den ke se doznae, najvazno e na covekj da mu veruvas, velat PODOBRO VERUVAJ I BIDI POVREDEN TAKA KE GO DOZNAES COVEKOT, OTKOLKU DA SE SOMNEVAS VO NEKOJ KOJ SO CELO SRCE TI JA NUDI LJUBOVTA I DA GO RAZOCARAS SO TVOJATA NEDOVERBA, pozdrav :)

  8. Наде Reply

    Девојче од сета твоја добра намера да укажеш на тоа колку е штетна љубомората може само да се почувствува потребата да се убедиш дека си слободна. Ништо лично, меѓутоа мислам дека малце си се изгубила во текстот. Кога односите во една врска благо ќе се нарушат, сигурно дека ќе се јави некаков сомнеж и дека ќе се бараат одговори. Во спротивно, можно е да се работи за рамнодушност што нема ама никаква врска со љубовта.

  9. Смајли Reply

    Vidi mome vaka sea znaci toa so si gi znaat passs i slicno ne znaci deka nes ne e vo red so tebe tuku deka ete fali doverba vo vrskata a inace so e tolku vazno ti sea da gi imas bivsite u prijateli koe masko e toa so ke ti dade da gi imas bivsite na fb i da si pisis soniv i slicno….. ti nema da izljubomoris dokolku deckoti si pise so bivsa….

Остави коментар