Бакнежи, насмевки и високи потпетици

Денес решив да им се обратам на моите дами, знаете, оние припадничките на посилниот пол. Испровоцирана од девојки кои им робуваат на комплексите од типот да му бидат достојни на дечкото (заборавајќи дека и тој треба да се труди да биде достоен за нив), од девојки кои се затвораат во соблекувалната на своето работно место и трошат време и нерви по телефон, објаснувајќи некои свои постапки наместо да си ја бркаат работата и да си прават пари, девојки кои ќе потрошат толку солзи на некого кого ни уво не го боли за нив… со еден збор, оние кои на секаков можен начин си ги побркале приоритетите во животот.

Не смеете да изигрувате дека сте глупави, кога и научно е докажано дека нашата интелигенција е поголема од онаа на мажите. Секој човек се труди од глупав да испадне паметен, зашто со сила да се правиш глупава кога не си? Каде е она твое ЈАС, она кое никој не смее да го погази? Како е можно така лесно една девојка, која (како демек) се заљубува, да заборави на сите свои принципи?

Бакнежи, насмевки и високи потпетици

Да обрнеме внимание на она што ни значи, она што нè исполнува, нè прави среќни… на сите оние мали задоволства, да уживаме и да ги почувствуваме сите убавини на животот.

Сакаме розова боја, убави нокти, плишани мечиња, подароци и цветови… И што, треба да бидеме дефинирани како плитки и површни? Не! Имаме право на возбуда и среќа, кафе муабет и оговарање, луди журки и незаборавни ноќи. Имаме право на добар филм, облека и шопинг и многу нијанси на сјаеви за усни… Шарени тетратки, убави слики и украси. Имаме право понекогаш да бидеме и себични. Имаме право на летни авантури, незаборавни дружења и патувања, искусување на љубовта повторно и повторно, макар и не била онаа вистинската.

Еден ден ќе бидеме мајки и нема да можеме да ги ставиме своите потреби пред сè останато. Еден ден нема да ни доликува да се журкаме до зори, сите пари да ги трошиме на себе и да спиеме со своите мечиња. Има време кога ќе мора да броиме калории, сега ги заслужуваме највкусните тортички со секакви преливи. Ќе дојде време кога ќе мора да бидеме смирени и разумни, до тогаш можеме да бидеме палави и темпераментни.

Почувствувајте ја младоста и предајте ù се целосно. Ќе бидете ли некогаш помлади од овој момент? Како жени и девојки, како идни пожртвувани мајки и хероини за своите најблиски, заслужуваме еден куп бакнежи и страст, искрени насмевки и незаборавни дружења… и секако, посакуваните модели на високи потпетици… а не купишта грижи наместо уживање во животот!

До следното читање, ве оставам во позитивно и розово расположение,

Вашата Ели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици од 19-ти век.

Поврзани содржини

  1. Ева Reply

    не сакаат сите розова боја, мечиња, високи потпетици, шопинг и таму што и да е набројано. А богами не сакаат и сите да бидат мајки. Токму ваквите текстови се причина што и мажи и жени ги сметаат жените за плитки.

  2. Nina Reply

    Не е битно која боја ја сакаат Ева. Целта на текстот е -прави го тоа што те прави среќен без разлика што ќе мислат останатите. И целосно се сложувам. Девојкава повторно позитивно ме изненади со своето пишување.

  3. Ана Reply

    Не е чудо ваквите како тебе „авторке“ да си ги имаш набројаните проблеми во првиот параграф, ако се однесуваш како во останатиот дел од текстот.
    И ако со статијава се обидуваш да си докажиш дека си во право и лечиш комплекси, жално е што многу девојки би го пробале тоа и ке останат разочарани.

  4. Nina Reply

    па ти ако си се разочарала пошто не си била способна сама себе да се усреќиш не значи дека и другите ќе се разочараат. :)

  5. draga Reply

    Ева, овие рааботи: розова боја, мечиња, високи потпетици, шопинг се кажани како примери, само што ти си ги сватила буквално. Ама нема врска. Инаку не пишува дека сите сакаат да станат мајки, туку дека еден ден ќе бидеме мајки. Ама изгледа ти не сакаш да бидеш…твој проблем…. изгледа ти спаѓаш во девојките кои ги има опишано Ели во првиот параграф….
    Статијава е сосема ок.

  6. Nina Reply

    Не можам да сватам зашто највеќе бурекџии има овде на кафе пауза во коментари. Толку негативен народ на ниедно место не сум сретнала..

  7. Jule Reply

    Можеби звучи патетично,но додека читав солзи ми навираа во очите. Почувствував дека ако залудно ја загубам младоста,залудно ќе загубам се. Од неа учиме сериозно да гледаме на животот понатака,во подоцнешните години…Браво за статијата!

  8. zuzi Reply

    navistina ogromno Bravo.. se pocuvstvuvav kako da ja gledam drugarka mi do mene i mi pomaga da gi resam momentalnite problemi. tolku e vistina deka grizite gi ima, tie sekogas postojat. ako sega vo mladosta bideme tazni, so grizi itn, togas sto ni preostanuva vo zivotot! bravooo za statijava!!!!

Остави коментар