Викенд книга: „Големи мали лаги“ – Лиен Мориарти

Што се крие зад затворените врати во домовите на нашите пријателки?
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 9.67 од 10)
Loading...Loading...

Викенд книга: „Големи мали лаги“ – Лиен Мориарти

Нецели две години откога „Тајната на сопругот“ на Мориарти брзо и лесно се искачи на листата на најпродавани според „Њујорк тајмс“, а Мориарти веќе има уште еден бестселер и за наша голема среќа преведен и на наш македонски, за да можеме на раат да уживаме во уште една возбудлива драма. Дефинитивно има нешто во книгите на Мориарти, кое иако не можам да го дефинирам точно, прави да бидам нејзин фан. Слично како и „Тајната на сопругот“, „Големи мали лаги“ ме фасцинира со лесниот, но истовремено и детален и богат стил на раскажување, совршено доловување на драматичните моменти, лесниот хумор и дозата мистерија која ве остава фокусирани и заинтригирани до самиот крај. Просто ќе се чудите колку лесно ви поминале низ прсти овие речиси 400 страници кои ве водат низ животите на неколку жени кои се далеку покомплицирани отколку што изгледа.

Замислете мало предградие покрај плажа, како од соништата. Сега замислете дека во ова грст мирно место ништо не е како што изгледа. „Очајни домаќинки“ може вода да им носат на овие неколку дами кои ќе ве извозат низ приказната.


Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги


Јавното училиште „Пириви“ е место каде учат децата од најразлични семејства бидејќи е единствено училиште во областа Пириви. Така, меѓу мајките кои ги носат своите малечки на училиште, има богати и кренати во облаци, домаќинки и самохрани мајки. Во училиштето децата учат дека насилството не се прифаќа и не се крие и нивниот слоган е дека „Пириви“ е зона во која нема насилство. Но, работите полека почнуваат да излегуваат од контрола кога малиот Зиги, детето на младата самохрана мајка Џејн, која штотуку се доселила во Пириви, е оној кој е обвинет дека физички малтретира девојче од класот. Така мајките автоматски се поделуваат во два тима: оној тим на кренати госпоѓи кои застануваат зад Рената, мајката на жртвата и одбранбените пријателки во тимот на мајката на насилникот. Кутрата Џејн, не само што е самохрана мајка која била приморана да заборави на своите соништа во животот и одвај закрпува крај со крај, сега мора да се справи и со темпераментот на своето синче.

За голема среќа на Џејн, тука е Медлин, која прави сè за своите пријателки. Таа одамна била оставена од сопругот. Сега е премажена, а нејзиното мало дете учи со детето на бившиот сопруг, кој решил да се врати да живее во Пириви со новата жена. Тој сакајќи да се покае за грешките од минатото ѝ посветува повеќе внимание на Абигејл, ќерката од првиот брак. Медлин не може да се справи со фактот што нејзиниот бивш изгледа како да сака да ѝ ја земе ќерката.

Селест пак, е жена која навидум има совршен живот. Нејзиниот сопруг секојдневно постира слики на Фејсбук од авантурите на неговото семејство, има две прекрасни близначиња и доволно пари за несебично да дарува вртоглави суми во добротворни организации. Но, исто така има и сопруг кој во еден момент може да ја задави за во наредниот да се чувствува виновен и да бара да му прости. Токму поради градењето на ликот на Селест, авторката минала долго време во читање на разни истражувања за семејното насилство, па го доловила доста добро.

Секоја од овие жени секојдневно кажува лаги. Кои помали, кои поголеми. Но, ни на крај памет не им е дека нивното спријателување за скоро ќе се поврзе со една голема трагедија…

Баш мистериозно и во стилот на Мориарти, уште од почетокот се најавува дека нешто големо се случило на ноќта на училишниот квиз, за да ве однесе со нетрпеливост до последните страници, односно до расветлување на случајот. Во меѓувреме се нафрлени урнебесни сведоштва и на другите, споредни ликови, зборлести мајки кои ќе ве насмеат до солзи.

На моменти изгледа дека читате неразрешено убиство од стилот на Агата Кристи, за во другиот момент да се смеете до солзи поради драмите во Пириви. Мориарти е мајстор за женски романи, возбудливи и драматични ситуации, кои можеби не се омилени меѓу машката публика, но дефинитивно се фаворит на женската. „Големи мали лаги“ е за секоја пофалба бидејќи е лесен роман кој сепак држи вода и има одредена тежина и длабочина.

 

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 30 мај 2015.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Cobe Reply

    Sakam kniga od Sakam knigi … a nemam profil na niedna sociala mrezha … i sega ??

  2. Kristina Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  3. nekojsi Reply

    Dobitnik? 😀

Остави коментар