Творештвото на Горјан Петревски – времеплов кон младоста

Човекот кој најдобро знае да ги одгатне детските тајни, да раскаже за кревките чувства во младоста и да ве наврати во детството ако веќе сте станале дел од светот на возрасните

Творештвото на Горјан Петревски – времеплов кон младоста„За да се биде писател за млади не треба само навраќање во детството туку и еден дел од вас да остане во него.“ Токму поради тоа не секој би можел да ве однесе низ една приказна за детска љубов како што тоа го прави Петревски. Роден на 14 јули во селото Мренога, Демирхисарско, Горјан Петревски е еден од најпознатите македонски творци на детска и тинејџерска литература. Од мој аспект, неговите дела се нешто што нè навраќа во раната младост и тинејџерските години, нешто што е секогаш добредојдено за да се прочита пак, но ако сте сè уште во школските клупи, не смеете да пропуштите ниту една книга од нашиот Горјан Петревски!

Творештвото на Горјан Петревски – времеплов кон младостаРоманот „Споменка“ најдобро опишува една детска и невина, прва љубов. Тогаш кога не можеш в лице да ù кажеш што чувствуваш, кога книгите се преносници на слатките детски писма, кога несебично ù ја откриваш својата голема тајна – полјаната полна со диви јагоди за која никој друг не знае. „Китка мајски јорговани низ која се смешка лик со сини очи, лик кој останува да ти се плетка во сонот“. Споменка – синооко девојче со коси како есенско лисје, онаа поради која вреди да се победат „Црните стрели“.

„Во моето творештво, ако не највпечатлив, тогаш барем најскокотлив е ликот на Споменка. Мотивираноста на името е очигледна – сеќавање и минливост, топлина и нежност…“

Творештвото на Горјан Петревски – времеплов кон младостаОд најисконската прва љубов, Петревски нè носи и пред проблемите од младоста. Преку „Марта“ тој ќе покаже како една девојка, која копнеејќи по љубов и заштита паѓа во рацете на неранимајко. Со „Сама“ ќе нè предупреди дека не секогаш она што носи назив „пријателство“ е вистинска грижа, искреност и доверба. Ќе ни каже како кревкото женско срце, така невино може да се заљуби во професорот по физика, тоа е всушност „Снеговите Творештвото на Горјан Петревски – времеплов кон младостана Климентина Евин“, роман кој не смеете да го оставите непрочитан, нешто што мора да го искусите, без оглед на вашата возраст. Во еден здив сме го прочитале и романот „Исти очи“, за крајот на летото, за Ана и Ангел, за една поинаква љубов во нивните срца, за оние кои ќе се пронајдат бидејќи така им било судено. Ретко кој друг би можел на своите зрели години така да ги опише чувствата кои се јавуваат во срцето на една млада девојка, иако никогаш не ги доживеал.

Творештвото на Горјан Петревски – времеплов кон младоста Делата на Горјан Петревски се така лесно разбирливи раскази кои допираат до совеста на најмладите. Тоа се книги кои можеби сте ги прочитале пред повеќе од 5 години, но сеќавањата за нив ви остануваат свежи. Романите на Петревски ни служат како времеплов. Нè навраќаат во младите години, и никогаш не би ви биле здодевни доколку се одлучите да ги прочитате по втор или трет пат. Ретко која книга, што во школските програми е категоризирана како лектира за седмо или осмо одделение, би се одлучиле да ја прочитаме повторно, после повеќе изминати години. Но, сепак, тоа се делата на Петревски.

Неговото творештво:
  • „Гороцвет“
  • „Татковата прва љубов“
  • „Пролетни дождови“
  • „Споменка“
  • „Марта“
  • “Снеговите на Климентина Евин“
  • „Мајчиниот споменар“
  • „Далечна љубов“
  • „Исти очи“
  • „Вечниот ветар“…

Покрај книжевното творештво, Петревски стои и зад многу телевизиски, како и информативно–документарни серии.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Верче Reply

    Прекрасно :))
    браво Ели

  2. Хахха Reply

    Леле, грди корици. Страшно!

  3. Purple Reply

    Poveketo knigi od Gorjan gi imam citano i se navistina preubavi, osobeno Marta i Isti oci :)

  4. Angela Reply

    Ke moze li malku podetalno za Snegovite na Klementina Evin? Mi treba kratka sodrzina 😀

    • Кафе пауза Reply

      Па подобро да ја прочиташ :)

      • Anonymous Reply

        АМАН ДЕ ….

  5. Anonymouс 28и4 Reply

    Мозе подетална содржина на лектираа исто о4и

  6. Андреа Reply

    Може малце поопширно за “Исти Очи” за кратка содржина ми е

  7. Marko Reply

    Navistina site knigi od gorjan se preubavi i prekrasni

  8. Simona02 Reply

    Ако може лектирата исти очи прераскажана ?

Остави коментар