Книга: „Тајниот јазик на цвеќињата“ – Ванеса Дифенбо

Можеби не би ја избрале според кориците, но откако ќе ја прочитате, ќе се заљубите дури и во нив

Книга: Тајниот јазик на цвеќињата – Ванеса ДифенбоМногупати заради многу обврски, брзото темпо на живот, хаосот или чисто од немарност, забораваме да си го посветиме времето на себе, но не милувајќи се со производи за нега или уживајќи во салони за убавина, туку со нешто што прави вистински да се чувствуваме исполнето однатре.

Убаво е, кога во таквите моменти на запуштеност на сопствената душа, ќе добиете книга на подарок, која ќе ве потсети на нештата кои се убави, кои исполнуваат, кои значат.

„Тајниот јазик на цвеќињата“ умее да ја направи оваа промена.




Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Книгата е базирана на неколку веќе достапни речници за толкување на значењето на цвеќињата, и навистина, во самата книга има многу за нив. Сепак, ова не е книга за цвеќињата, ниту пак значи дека би требало да ја читаат само оние кои се љубители на хортикултурата или пак се многу заинтересирани за нивното значење. Ова е книга, која преку тајниот јазик на кој тие комуницираат, всушност раскажува приказна за една Викторија, чиј живот имаме можност да го живееме заедно со неа, барем еден значаен дел од него.

Викторија е девојка која пораснала во дом за грижа за деца без родители, често била бркана од домовите на посвоителите и секако често се враќала назад каде што „припаѓа“. На нејзиниот 18-ти роденден, таа мора да го напушти домот, кога ја добива последната шанса за сместување во заедничка куќа со други, при што има 3 месеци да најде работа и да застане на свои нозе. Но нејзиниот карактер е чуден, нема да го мразите, нема да го осудувате, но на моменти ќе се запрашате зошто баш така мораше да постапи. Нејзиното минато прави да постапува така. Таа е студена, незаинтересирана, со многу огорченост и недоверба кон луѓето. Таа живее во самотија, ниту се потпира на луѓето, ниту пак тие можат да се потпрат на неа.

Наместо да работи и да штеди за живот, таа последните пари ги користи за да купува млеко во чија амбалажа почнува да засадува цвеќиња кои ги чува во нејзината соба. Кога ќе мора да си замине од заедничката куќа, таа својата градина ја преселува во еден градски парк, кој станува нејзиниот дом за преспивање.

Нејзиниот живот се менува во моментот кога ќе побара работа во цвеќарницата на Рената, каде што открива дека има дарба да им помогне на луѓето да го изберат вистинското цвеќе за своите специјални прилики, според потребата која ја имаат во животот. На цветните пазари таа го среќава Грант, момче од минатото со кого ќе споделат многу моменти во иднината, меѓу другото работејќи на заеднички речник на цвеќињата.

Книгата паралелно го прикажува животот на Викторија кога била дете, во домот на Елизабета, жената која неизмерно ја сакала и ја чувала како своја, и сегашноста, кога таа е на прагот пред новиот живот полн со предизвици. Паралелното дејство воопшто не е збунувачко, напротив ве тера сè побрзо и повеќе да прочитате, за да дојдете до следното поглавје посветено на периодот со кој завршило претходното.

Книга: Тајниот јазик на цвеќињата – Ванеса Дифенбо

Книгата воопшто не е предвидлива, опфаќа еден голем опсег од животот на Викторија, и постојано го води дејството до нови кулминации. На крајот, кога ќе ја свртите последната страница, скоро и нема да се сеќавате на првата, бидејќи толку постапно, толку незабележително сте се вовлекле во приказната, што не сте забележале кога таа го сменила својот тек. Но, не го сменила текот, таков е животот, се менува, под влијание на луѓето кои ги среќаваме, на нашата околина, проблемите и тешкотиите кои ни го попречуваат патот, но најмногу под влијание на самите себе, одлуките кои ги донесуваме во одреден момент, и одлуките кои знаеме да ги смениме кога ќе сфатиме дека нешто сме погрешиле.

Во „Тајниот јазик на цвеќињата“ има многу дефиниции и значења за цвеќињата, но тие се најмалку важното нешто во книгата. Она што ќе го добиете доколку изберете да ја прочитате е приказна со која ќе сраснете, страници кои на крајот сè помалку ќе сакате да ги вртите за да не заврши вашата интимна дружба, лесно четиво со јаки животни поуки и конечно страст и љубов за читањето книги, ако тоа било нешто подизгубено во вас во последно време.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 22 јануари 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. magnolija magnolija Reply

    odlicna e knigata i bi sakala da e moja

  2. Jovana Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Jovana Bozinovska

  3. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana Spasenovska

  4. caci spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Bi sakala da ja dobijam knigata, ima privlecen naslov!

  5. Slagjana Spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Jas mnogu sakam cvekinja :)ako ja dobijam knigata ke go otkrijam tajniot jazik na cvekinjata :)

Остави коментар