Книга: „Роман за прељубата“ – Исидора Бјелица

1-kniga-roman-za-preljubata-isidora-bjelica-kafepauza.mkИма ли љубов по прељубата?
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 9.13 од 10)
Loading...

Желна за нешто ново, поразлично, експлицитно и без влакна на јазикот, можам сосема сигурно да кажам дека го направив правилниот избор. Исидора Бјелица е извонредно талентирана и најконтроверзната современа српска писателка. Ужасно добро ја доловува ситуацијата на неверство, тогаш кога сите идеали за вашата совршена љубовна врска паѓаат во вода, и отворено зборува за една од најчестите и најконтроверзни појави – прељубата.

За да напише нешто олку отворено и генијално, познатата авторка на над 50 книги, морала самата да помине низ страшните форми и фази на интимното предавство.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Миа е 43-годишна жена која е фатена неподготвена за животните изненадувања. На нејзини години таа е изморена да се бори за својата кариера откако во повеќе наврати добива отказ поради експлицитноста и разоткривањето тајни на важни и големи имиња. Сепак, среќна е што го има Страхиња, љубовта на нејзиниот живот, нејзиниот страстен уметник кого го љуби цели 17 години и со кого заедно живеат еден контроверзен и боемски живот. Но, ништо не трае вечно, па така Миа се фаќа себеси како се бори со неверството на својот сопруг тогаш кога најмалку очекува и тогаш кога е најнеподготвена да се соочи со тоа.

Миа има две сестри, кои одлично ја надополнуваат оваа слика на прељубници, изневерени жени, предавства и срушени илузии. Маша е најстарата сестра, секогаш прибрана, секогаш на место, секогаш совршена. Го минува животот однесувајќи се како паметна жена и како добра домаќинка за на крај да сфати дека целиот нејзин луксузен живот, скапи автомобили и одмори, на крај се сведува на големо кршење на срцето. Маша е сè спротивно од Миа, што само доловува една од главните поенти на романот. Без разлика дали си паметна жена која плаќа даноци, се грижи за здравјето и готви три оброци на ден во точно определено време, или си импулсивна и „несовршена“, збркана жена, сепак, можеш да бидеш изневерена.

2-kniga-roman-za-preljubata-isidora-bjelica-kafepauza.mk

Глорија е најмладата, слободоумна и дива сестра која има афера со познат оженет политичар. Со еден збор, овој роман е збир на откриен „валкан веш“. Отворено зборува за неверството и прељубата, но и за фазите низ кои минува личноста која е изневерена и која некогаш изневерила, поттикнувајќи го во нас прашањето дали сето тоа е еден магичен круг?

Ќе ве натера да се замислите дали некогаш би биле во состојба да изневерите и дали би простиле неверство. Не, не е плитка приказна за скршено срце, но искрена и длабока исповед на образована, интелигентна жена со скршено срце и распарчени илузии која се бори да излезе на крај и да ја поправи пукнатината во довербата во нејзиниот брак.

Доколку сакате зрел, искрен роман, женско соголување на чувствата, отворен, див, остроумен и експлицитен јазик, „Роман за прељубата“ треба да биде следната книга која ќе ја прочитате. Интригантните наслови на секое поглавје нема да ве остават рамнодушни и ќе ве привлекуваат како магнет да продолжите со читање.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 19 ноември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Наталија Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Наталија Мартиноска

  2. bubu Reply

    Koi se dobitnicii? 😀

    • Кафе пауза Reply

      Слаѓана Тркалеска од Фејсбук и @BisernaSolza од Твитер

Остави коментар