18 книги кои секој млад човек во своите 20-ти треба да ги прочита

Автор: Зорица Тодорова

Да, читањето е повторно во мода. Како човек во своите 20-ти кој ги следи новите модерни трендови, не смеете да си дозволите да не ги прочитате овие ремек-дела кои уште како ќе ви помогнат во потрагата по себеси и значењето на светот што ве опкружува.

1-18-knigi-koi-sekoj-mlad-chovek-vo-svoite-20-ti-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mk

1. „Цивилизацијата и нејзините незадоволства“ – Зигмунд Фројд

„Повеќето луѓе всушност не сакаат слобода, затоа што слободата вклучува и одговорност, а повеќето луѓе се плашат од одговорности.“

Секој млад човек треба да ја прочита оваа книга само затоа што ги опишува погледите и идеите на Фројд кои сѐ уште се дел од нашата култура и разбирањето за светот. Добра шанса да разберете зошто живееме во општеството на начинот на кој живееме.

2. „Да се убие подбивната птица“ – Харпер Ли

„Не можете да разберете една личност додека не ги земете предвид работите од нејзина гледна точка. Додека не се пикнете под нејзината кожа и одите во неа.“

Овој роман е за авантурите, забавата и врските на една млада девојка со оние околу неа. Треба да научи уште многу работи, како неправедноста кон децата, слабите луѓе или луѓето со друга боја на кожа. Како резултат на тоа, гледаме дека добрината, љубезноста и поддршката не зависат од бојата на кожата, статусот во општеството или јавното мислење. Зависат од душата на еден човек.

3. „Фауст“ – Јохан Волфганг фон Гете

„Кога ќе почнеш да си веруваш самиот себеси, ќе знаеш како да живееш.“

Облогот помеѓу Бог и Мефистофел за душата на Фауст се претвора во натприродно патување за него и битка за својата волја и слобода. Оваа драма нѐ учи да ја разбереме разликата помеѓу доброто и злото, да научиме некои антички митови и да владееме со уметноста на дебатата.

2-18-knigi-koi-sekoj-mlad-chovek-vo-svoite-20-ti-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mk

4. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд

„Најосамениот момент во нечиј живот е кога гледа како пред очите му се распаѓа целиот свет, а сѐ што може да направи е само бледо да зјапа во него.“

Оваа книга треба да се прочита за да се доживее разочарувањето на многу млади Американци за време на „добата на џезот“. Таа ќе ве научи како да ги процените своите способности и да разберете дека минатото не може да се врати. Едноставно, пуштете го.

5. „Господарот на мувите“ – Вилијам Голдинг

„Најдобрите идеи се наједноставните.“

Еден ненаселен остров, бескраен океан и момчиња без надзор од возрасните. Ова е приказна за општество поделено по примерот на малите деца. Револуција. Пролевање на крв. Смрт. Книгата нѐ учи за важноста на тоа да се биде добар лидер, да се има чиста визија, да може да се изнајде компромис и најпосле, да се биде човек.

6. „Хамлет“ – Вилијам Шекспир

„Знаеме што сме, но не и што можеме да бидеме.“

Една од најпознатите драми на Шекспир, Хамлет ни помага да го најдеме одговорот на вечното прашање кое толку пати го имаме слушнато: „Да се биде или не?“ Оваа приказна нѐ учи да преземеме одговорност за сите наши одлуки и дела.

3-18-knigi-koi-sekoj-mlad-chovek-vo-svoite-20-ti-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mk

7. „Колибата на чичо Том“ – Хариета Бичер Стоу

„Однесувајте се со нив како со кучиња и ќе имате кучешка работа. Однесувајте се со нив како со луѓе и ќе имате човечка работа.“

Оваа книга долго беше дел од училишната литература иако беше и фалена и критикувана. Овде е претставен тежок и доста контроверзен дел од Американската историја која ќе им помогне на младите луѓе да ги разберат принципите и вредностите на една нација.

8. „Плодови на гневот“ – Џон Стајнбек

„Ако си во неволја, повреден или имаш потреба од нешто – обрати се кај сиромавите. Тие се единствените кои ќе ти помогнат – единствените.“

Ова е приказна за едно семејство кое се преселува во Калифорнија во потрага по подобар живот за време на Големата депресија; приказна за значењето на љубовта, поддршката и блиските луѓе; приказна за издржливоста и храброста на човекот да се справува со сите битки во животот.

9. „Странецот“ – Албер Ками

„Ако нешто треба да ми се случи, сакам да бидам присутен.“

Откако ќе го прочитате овој роман ќе сфатите колку се важни личните избори што ги правите во животот и колку безначаен понекогаш може да биде универзумот. Приказната за личност која убива човек и која не чувствува вина ни покажува колку апсурден понекогаш знае да биде светот околу нас.

4-18-knigi-koi-sekoj-mlad-chovek-vo-svoite-20-ti-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mk

10. „Сто години осаменост“ – Габриел Гарсија Маркес

„Тогаш направи уште еден последен обид да го најде местото во неговото срце каде љубовта му стана гнила, но не можеше.“

Ова е митско-епски роман за еволуцијата на човештвото во која секој од нас е осуден на осаменост и каде осаменоста е единственото нешто кое доминира во овој свет врзан од прангите на фаталната љубов. Одлична книга која ќе ви помогне да ја сфатите важноста на семејството и блиските луѓе околу вас.

11. „Злосторство и казна“ – Фјодор М. Достоевски

„Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една голема интелигенција и длабоко срце.“

Многу познат роман за студентот Раскољников и неговите обиди да го пронајде своето место во светот и да разбере кој е навистина самиот тој. Откако убива една стара сопственичка на заложница, овој млад човек се обидува да ги оправда своите постапки. Приказната на Раскољников ќе го натера секој млад човек да се замисли за своите погледи за моралните закони и своето место во општеството.

12. „Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булгаков

„Да, човекот е смртен, но тоа не е ни половина од проблемот. Најлошото е што понекогаш тој е неочекувано смртен!“

Ѓаволот доаѓа во Москва. Весели пакости и меланхолична тага, романтична љубов и магична опсесија, мистерија и безобѕирна игра со злите духови – сите овие работи може да ги најдете во овој роман. Одлично четиво за да откриете како злото може да биде поискрено од општеството и политичките режими.

5-18-knigi-koi-sekoj-mlad-chovek-vo-svoite-20-ti-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mk

13. „Божествена комедија“ – Данте Алигиери

„На средината од патувањето на мојот живот се најдов во една темна шума каде го изгубив вистинскиот пат.“

Кој не го знае Данте и неговите девет кругови од Пеколот, па потоа Чистилиштето и Рајот? Ова е шанса да ги научиме сите и да разбереме како луѓето во средниот век го сфаќале задгробниот живот. Сите треба да платиме за своите гревови и тоа не треба да го заборавиме.

14. „Лолита“ – Владимир Набоков

„Знаев дека засекогаш се заљубив во Лолита. Но исто така знаев дека таа нема засекогаш да биде Лолита.“

Полн со хумор и интрига, овој роман зборува за забранетата љубов помеѓу еден човек и млада девојка. Контроверзен до ден-денес, сепак нѐ учи на разбирање, пожртвуваност, простување, многу важни карактеристики на кои луѓето понекогаш забораваат.

15. „Прекрасен нов свет“ – Алдус Хаксли

„Зборовите можат да бидат како рендгенски зраци, ако ги користите правилно – поминуваат низ сѐ. Читате и ќе ве прободат.“

Роман наречен „негативна утопија“ од неговиот автор. Ова е приказна за нашиот иден свет, каде среќата игра голема улога, но индивидуалноста не се почитува. Дали е возможно да останете среќни, кога сте како сите други? Што им е поважно на младите луѓе: да ги прифатат работите онакви какви што се или да се борат против системот?

6-18-knigi-koi-sekoj-mlad-chovek-vo-svoite-20-ti-treba-da-gi-prochita-kafepauza.mk

16. „Загубениот рај “– Џон Милтон

„Самотијата понекогаш е најдобро друштво.“

Сите ја знаеме библиската приказна за гревот на Адам и Ева на која ги намами Луцифер, арогантниот ѓавол кој падна долу во пеколот од небесната милост. Но што всушност знаеме за самиот Луцифер? „Загубениот рај“ ни овозможува да видиме една поинаква страна на доброто и злото и сами да одлучиме кој е во право.

17. „Оваа страна на рајот“ – Ф. Скот Фицџералд

„Животот сам по себе не е комплициран, борбата за контрола над него е.“

Привилегиран студент на Принстон целосно се разочарува откако ќе дипломира. Дознава дека животот е сосема поинаков од другата страна на ѕидовите на неговиот универзитет и сега е во потрага по себеси. Ви звучи познато, нели?

18. „Уметноста на среќата“ – Далај Лама

„Среќата е повеќе предодредена од менталниот склоп на една личност отколку од настаните во околината.“

Серијата интервјуа со Далај Лама ќе ви помогне да се чувствувате исполнети во врска со животот и да почнете да бидете среќни.

Young man reading small Bible

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар