Магичниот свет на кафето

Во својата долгогодишна историја, кафето успеало да се пробие како светски најконсумиран пијалак, а на пазарот да биде веднаш зад нафтата. Најстарата легенда за откривањето на кафето, е онаа за козјото стадо на Етиопјанецот Кофа, а со текот на годините за кафето постепено се појавувале многу анализи, факти и занимливости. Ова се мал дел од купот кратки информации кои можат да ви бидат интересни и корисни.
Магичниот свет на кафето1.
Во 1763 година во Венеција имало повеќе од 200 продавници за кафе.
2. Прототипот на првата еспресо машина бил направен во Франција во 1822 година.
3. Во 1850 година, рачната мелница за кафе можела да се најде само во кујните на оние со подлабок џеб.
4. Во 1900 година во САД, кафето се доставувало од врата до врата со помош на кочија придвижувана од коњи.
5. Првата комерцијална еспресо машина била произведена во Италија во 1906 година.
6. Во Италија зборовите, кафе и еспресо се синоними.
7. За време на граѓанската војна во САД, зрната кафе биле главен оброк на војниците.
8. Јапонија е трета земја по консумирање кафе. Само во Токио постојат повеќе од 10.00 места каде што можете да си набавите кафе.
9. Кафето е најпопуларниот светски напиток во светот, од кој годишно се консумираат повеќе од 400 билиони шолји.
10. Францускиот филозоф, Франсоа Волтер пиел по повеќе од 30 кафиња дневно.
11. Во Италија постојат повеќе од 200.000 кафе-барови и штандови.
12. Хаваите, се единствената држава во САД во која се одгледува кафе за комерцијални цели.
13. Леденото кафе својата популарност ја стекнало во 1945 година во Јапонија.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар