Вода за слонови (Water for elephants)

Автор: Весна Јовановска

Она што ви се чини премногу далечно, може за миг и вам да ви затропа на вратата. Подгответе се за неочекувана животна бура.

Вода за слонови (Water for elephants)Режија: Френсис Лоренс („I am Legend“; „Constantine“)

Улоги: Роберт Патинсон, Рис Витерспун, Кристофер Валц

Времетраење: 120 минути

Јазик: англиски

Премиера: 22 април 2011

Жанр: љубовна драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (29 гласа, просек: 9.52 од 10)

Loading...Loading...

—————————————————————————————————————————————————
Станува збор за филм кој ќе ве остави без здив и со „грутка“ во грлото. Романтична драма базирана на истоимената новела на Сара Груел… Ќе ве однесе во ерата на прохибицијата и на депресијата, карактеристични за триесетите години на минатиот век. Но, ќе ви покаже и како да истраете во вакви тешки периоди и да зачекорите по нов животен пат.
—————————————————————————————————————————————————

Приказна: Во квалитетни 120 минути е претставена судбината на Џејкоб (Роберт Патинсон), млад студент по ветерина кој по смртта на неговите родители е принуден да го напушти факултетот. Неговиот удобен и исполнет живот, за кус период се претвора во буквална борба за опстанок.

Откако ќе му ја одземат куќата, тој без „скршена“ пара во џебот се приклучува на патувачки циркус кој сонот за успешен доктор по ветерина, ќе му го замени со кошмар. Џејкоб, ќе се соочи со немилосрдно дресирање и злоупотреба на животните.

Преку симпатиите и особениот интерес за новиот слон кој ќе пристигне во циркусот, како замена за дотогашната главна атракција, тој ќе ја пронајде вистинската, но во моментот и забранета љубов, Марлена (Рис Витерспун). Таа е главен изведувач во циркусот, но во исто време и сопруга на неговиот злобен сопственик, Август (Кристофер Валц).Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Режисерот, преку глевиот лик во филмот испраќа недвосмислена порака за ненадејниот пресврт кој може да му се случи на секој од нас, во кој било момент од животот. Младиот Џејкоб храбро и подготвено чекори низ ужасот, кој ќе му го приреди лицемерниот и алчен Август. Во ниту еден момент нема да се откаже од љубовта која исто така, одненадеж ќе го „здрма“.Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Кога и како да го гледате филмот: Оваа драма е одлична, со неа да го завршите денот. Сеедно е дали ќе ја гледате со вашите пријатели или сами, бидејќи и во двата случаи, приказната ќе ве натера добро да размислите и да ги преиспитате вредностите и целите што сте ги поставиле во животот.Вода за слонови (Water for elephants)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар