ТВ серија: Тука и сега (Here and Now)

Едно необично семејство што е составено од татко, мајка, три посвоени деца од Либерија, Виетнам и Колумбија, и едно биолошко дете, се соочуваат со тежок пресврт во животот откако едно од децата почнува да гледа нешта што другите не можат

(1) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Тим Робинс, Холи Хантер, Даниел Зовато, Џерика Хинтон, Рејмонд Ли, Соси Бејкон

Жанр: драма

Креатор: Алан Бол

Премиера: 11 февруари 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 9.50 од 10)

Loading...Loading...

 

Холи Хантер и Тим Робинс ги толкуваат улогите на Одри Бајер, поранешен психотерапевт и сегашен лидер на миротворна група и Грег Боатврајт, професор по филозофија. Тие се брачен пар што имаат едно биолошко и три посвоени деца од ширум светот – одлука што ги покажува нивните прогресивни ставови. Нивното биолошко дете, Кристен (Соси Бејкон), која има само 17 години, е најмлада од сите, но и најсклона кон бунтовничко однесување. Од друга страна пак, тука е Ешли (Џерика Хинтон), која била посвоена од Либерија. Таа е најстара и веќе е во брак, со своја сопствена ќерка и успешен моден бизнис. Потоа следува Дјук (Рејмонд Ли), екстремно ригиден животен тренер или како што вели тој, мотивациски архитект, што бил роден во Виетнам. И на крај е Рамон (Даниел Зовато), колумбиски дизајнер на видео игри кој одеднаш почнува да има необјасниви халуцинации, што може да бидат знак за проблем со менталното здравје или испливување на некаква траума од минатото (тука не е исклучени ни идејата дека поседува некаква дарба што му овозможува допир со паранормалното).

(3) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mk (6) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mk

Грег и Одри го гледаат своето семејство како експеримент, но иако вложиле многу љубов во своите деца и се обиделе да ги воспитаат најдобро што можат, сепак секое од нив има длабоки проблеми, најпрво поврзани со своето потекло и бојата на кожата, а потоа и со секојдневниот живот во реалноста што тие самите ја изградиле. На пример, Ешли понекогаш делува како да се досадува во својот живот со сопруг и ќерка, и постојано се бори со својот идентитет како црна жена во Америка. Дјук има неверојатно силна потреба да ги држи нештата под контрола, но со тоа само ги маскира своите пороци. Рамон е отворен хомосексуалец, а Кристен пак, смета дека белата кожа ја прави помалку интересна од сестра ѝ и браќата, па не ја ни забележува привилегијата што доаѓа со неа.

(4) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mk (2) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mk

Имајќи го ова на ум, ни Грег ни Одри не се совршени. Тие се борат со своите демони секојдневно, додека истовремено се обидуваат колку што можат повеќе да им го олеснат животот на своите деца. „Тука и сега“ има темна атмосфера, обработувајќи сериозни теми како депресијата, стравот, стареењето… Комплексните ликови само ја збогатуваат приказната, правејќи ја толку реална што секој од вас ќе препознае барем еден од нив и во луѓето околу вас. Па ако и вие самите се борите со овие проблеми или пак, познавате некој што минува низ нив, тогаш оваа ТВ серија може да ви даде малку поинаква перспектива и можност да ги погледнете нештата од друга страна.

(7) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-tuka-i-sega-here-and-now-www.kafepauza.mk

 


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар