Филм: Педесет нијанси ослободени (Fifty Shades Freed)

Филм: Педесет нијанси ослободени (Fifty Shades Freed)

Последниот филм од франшизата што ја заокружува приказната на Анастасија и Кристијан

(1) film-pedeset-nijansi-oslobodeni-fifty-shades-freed-www.kafepauza.mkРежија: Џејмс Фоли

Улоги: Дакота Џонсон, Џејми Дорнан

Времетраење: 165 минути

Премиера: 9 февруари 2018

Јазик: англиски

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 7,90 од 10)
Loading...

 

Франшизата „50 нијанси“ конечно стигна до својот крај со последното поглавје кое ја завршува приказната на Анастасија Стил (Дакота Џонсон) и нејзиниот љубовен партнер, милијардерот со специфични фетиши, Кристијан Греј (Џејми Дорнан). Филмот започнува со венчавката на парот пред нивните најблиски пријатели и роднини. И покрај тоа што можеби би очекувале свадбата да е крајот на една романтична приказна, овој пат е почеток на низа препреки што парот мора да ги надмине за да стигне до своето „си живееја среќно до крајот на животот“.

(2) film-pedeset-nijansi-oslobodeni-fifty-shades-freed-www.kafepauza.mk

Ако го споредам „50 нијанси ослободени“ со претходните два дела, „50 нијанси сиво“ и „50 нијанси потемно“, не можам да кажам дека има некоја голема разлика во приказната. Филмот го држи истото темпо како и досега – низа расфрлани потешкотии и проблеми со кои Анастасија и Кристијан лесно се справуваат, проследени со повремени жешки сексуални сцени што ќе ви го одвлечат вниманието од лошиот тек на развивање на настаните.

(3) film-pedeset-nijansi-oslobodeni-fifty-shades-freed-www.kafepauza.mk

Од друга страна пак, иако станува збор за сериозна тема намената за возрасни, приказната делува многу тинејџерска, особено во погледите кон сексот. Како портрет на БДСМ врска, сите три филма делуваат меко, разлигавено и површно, па со оглед на тоа што публиката која е заинтересирана за вакви теми бара подетално истражување на динамиките помеѓу доминаторот и подредениот, тие се досадуваат и се осврнуваат кон други филмски наслови. Да не почнам да зборувам и за нагласувањето на фактот дека апетитите на Кристијан се создадени по пат на психолошка траума во минатото. Во реалноста, скоро сите љубители на БДСМ се сосема нормални индивидуи што функционираат како и сите останати во општеството, без траума од минатото.

(5) film-pedeset-nijansi-oslobodeni-fifty-shades-freed-www.kafepauza.mk

Сепак, тоа што треба да се пофали во овие филмови е истражувањето на согласноста во сексуалниот живот на еден пар. Многу повеќе внимание се обрнува на разговорите помеѓу Анастасија и Кристијан кога преговараат за границите, како и за она што е во ред и она што не е во ред, како во спалната, така и надвор од неа, во однос на самите сексуални сцени. Тие постојано разговараат, учејќи за своите граници. На тој начин си овозможуваат здрав сексуален живот – нешто од што можат да научат многу парови што имаат проблеми со границите.

(4) film-pedeset-nijansi-oslobodeni-fifty-shades-freed-www.kafepauza.mk

Па, дали вреди да се погледне овој дел? Секако. Особено ако веќе сте ги гледале претходните два дела…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар