ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)

ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)

Специјална единица за криминал истражува сериски злосторства насекаде низ границите ширум Европа

ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Главни улоги: Вилијам Фичнер, Доналд Сатерленд, Марк Лавуан, Габриела Песион, Том Влашиха, Мун Дејли, Ричард Флад

Жанр: акција, криминалистика, драма

Креатор: Едвард Ален Бернеро

Премиера: 14 јуни 2013

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 9,93 од 10)
Loading...

Секоја криминална серија опфаќа злосторства од градот или државата во која е сместено дејството на настаните. Но, овој пат станува збор за тим кој се состои од членови на полиција од неколку различни држави.

Водачот на овој тим е мајорот Луи Даниел (Марк Лавуан) од француската полиција. Инспекторката Сиена Прајд (Џеневив О’Рајли) е специјалист за испитување од Скотланд Јард. Истражувачот Себастијан Бергер (Том Влашиха) е гениј за технологија од полицијата во Берлин, Германија. Наредникот Ева Виторија (Габриела Песион) работи во областа на антимафијата и е специјалист за тајни и скриени операции. Детективот Томи Мековел (Ричард Флад) е експерт за оружје и тактика од полицијата во Северна Ирска. Детективката-наредник Ан Мари Сан (Мун Дејли) е криминален аналитичар и специјалист за трговија со луѓе. И тука е и инспекторот Мајкл Дорн (Доналд Сатерленд) кој работи во Интернационалниот суд за криминал.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Како и секоја добра приказна, така и оваа започнува со прекрасна млада жена, полна со живот. Но, за несреќа, оваа приказна започнува и со крајот на животот на таа жена, со нејзиното убиство. Во тоа време Карл Хикмен (Вилијам Фичнер) бил западнат во очајна ситуација. Тој многу пати помислувал и да се откаже, но она што го одржувало во живот биле гневот и морфиумот. Хикмен никогаш не би поверувал дека токму тоа убиство на таа жена која била пронајдена во парк во Париз целосно ќе го промени неговиот живот.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Луи решава да побара помош за овој случај од Карл кој работел за полицијата во Њујорк, но бил отпуштен откако на еден случај добил куршум во десната дланка и ја изгубил способноста за нејзино користење. Со други зборови, по повредата тој веќе не можел да пишува извештаи, ниту пак да држи пиштол и големи се шансите дека ќе биде на тешки лекови до крајот на неговиот живот. Но, сепак тоа не ги загрозило неговите неверојатни способности за дедукција поради кои и Луи го бара за убиствата на девојки во неколку различни држави низ Европа.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Доколку сте љубител на криминални ТВ серии, оваа приказна дефинитивно ќе ве одушеви. Различните карактери од кои се состои тимот се одлично освежување од монотноста која може да се забележи во сериите од овој жанр во последниве неколку години. Ви ветуваме дека нема да се разочарате доколку ѝ дадете шанса на „Поминувајќи граници“.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар