Познати филмови кои биле забранети

Познати филмови кои биле забранети

Некои филмови ги надминуваат границите на табуата, барем во некои држави. Постојат илјадници филмови, професионални и аматерски, па изгледа единствениот начин за еден филм да се истакне е да ги премине сите граници. Погледнете некои од овие филмови кои биле забранети, а денес се неверојатно популарни.

1. Пеколен портокал (A Clockwork Orange)

(1)poznati-filmovi-koi-bile-zabraneti-kafepauza.mk

Направен според новелата на Ентони Бурџис, филмот на Стенли Кјубрик од 1971 година речиси немало да биде пуштен во јавноста. Причината за ова е терапијата со мачење за која луѓето се плашеле дека ќе им даде идеи на некои криминалци. И биле во право! Неколку извештаи за злодела биле слични на оние во филмот.

2. Борат (Borat)

(2)poznati-filmovi-koi-bile-zabraneti-kafepauza.mk

Ова можеби е најомразената комедија. Во филмот го гледаме Саша Барон Коен во улога на Борат кој од Казахстан оди во САД за да научи нешто за тамошниот живот. Дури и пред премиерата на филмот, лидерите на Казахстан биле гневни. Филмот исто така бил забранет и во сите арапски земји, освен во Либан.

3. Канибалски холокауст (Cannibal Holocaust)

(3)poznati-filmovi-koi-bile-zabraneti-kafepauza.mk

Филмот прикажува професор кој се упатува кон Амазонската шума за да пронајде тим кој отпатувал таму со цел да ги снима канибалските племиња. Овој филм го прави Ханибал да изгледа како лик од Дизни. Режисерот бил обвинет за убиство бидејќи почнале да кружат гласини дека неколку актери биле убиени пред камерите. Подоцна, ова се покажало како лага. Филмот бил забранет во над 50 земји.

4. Е.Т.

(4)poznati-filmovi-koi-bile-zabraneti-kafepauza.mk

Стивен Спилберг напишал прекрасна приказна за Елиот кој сака да му помогне на својот пријател вонземјанец да се врати дома. Но изгледа филмот не им се допаднал на сите. Норвешка, Финска и Шведска го забраниле за деца под 12 години. Тие сметале дека возрасните во филмот биле негативно прикажани, а ова можело да има лошо влијание на децата.

5. Злобните мртовци (The Evil Dead)

(5)poznati-filmovi-koi-bile-zabraneti-kafepauza.mk

Во овој филм гледаме 5 пријатели кои се во колиба во шумата и кои се соочуваат со некои демонски суштества. Помеѓу државите кои го забраниле филмот се Исланд, Ирска, Финска и Германија кои сметале дека сцената со силување е премногу за очите на јавноста.

6. Егзорцист (The Exorcist)

(6)poznati-filmovi-koi-bile-zabraneti-kafepauza.mk

13-годишната Реган е опседната од демон, а можеби и од самиот ѓавол. Филмот изобилува со погрдни зборови и повраќање, па публиката останала шокирана. Постоеле и гласини дека луѓето кои го гледале филмот имале потреба од медицинска нега.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар