Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)

Внимавајте на знаците кои ви ги дава животот…

Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Режија: Дејвид О. Расел

Улоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт Де Ниро

Времетраење: 122 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 декември 2012

Жанр: романтична комедија, драма

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (44 гласа, просек: 9.09 од 10)

Loading...Loading...

„Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) е брилијантна романтична комедија. Колку и да изгледаат чудно овие зборови во една иста реченица, тие најсоодветно го опишуваат овој филм. Не е многу различен од останатите во поглед на контурите на приказната – и овде се работи за маж и жена меѓу кои уште од почетокот се чувствува хемија и го чекате моментот кога можеби ќе завршат заедно, но оваа приказна е обвиткана со многу други елементи кои филмот жанровски го доближуваат до драма. Емоционалните проблеми, менталните нарушувања, односите во семејството, важноста на шансите кои постојат само во сегашноста толку убаво се прелеваат едни во други, создавајќи позитивен амбиент што овој шармантен филм го прави вистински прирачник за оптимисти.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Тоа што најпрво паѓа во очи е фактот што и двата главни лика имаат проблеми со психичкото здравје. Пет (Бредли Купер), кој има биполарно нарушување, речиси до смрт го претепал љубовникот на сопругата и затоа поминал 8 месеци во болница за ментални болести. Излегува оттаму само благодарение на снаодливоста на својата мајка, по што се враќа да живее кај родителите. Набргу ќе оди на вечера кај пријатели каде што ќе ја сретне Тифани (Џенифер Лоренс), млада вдовица која се обвинува себеси за смртта на својот сопруг. Таа веднаш ќе пројави интерес за Пет, но тој не е заинтересиран да се гледа со неа.

Пет: „Изгледаш убаво“.

Тифани: „Благодарам.“

Пет: „Не флертувам со тебе.“

Тифани: „О, не ни помислив дека флертуваш.“

Пет: „Гледам дека си се потрудила, а јас сакам да се подобрам поради мојата сопруга. Работам на тоа. Сакам да ѝ дадам до знаење дека е убава. Никогаш не го правев тоа. Сега само вежбам. Како почина Томи?“

Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Пет е полн со некаков ирационален оптимизам за животот, сметајќи дека сопствената волја му е доволна за да си ги врати назад сопругата, работата и целиот претходен живот. Не може веднаш да го постигне тоа затоа што судот му наредил да не ѝ се доближува на неговата сопруга, и тоа на нејзино барање. И покрај тоа, тој упорно се спрема за големиот момент кога сè ќе се врати на свое место. Секој ден тренира за да ја импресионира сопругата, чита многу книги и оди на психијатар каде што учи да ги контролира емоциите. Обидите некако да дојде во контакт со сопругата нема да престанат, а надежта дополнително ќе му ја подгрее Тифани. Таа ќе му ја вети својата помош, но зад тоа се кријат мотиви кои само таа ги знае.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Покрај двајцата главни протагонисти, филмот изобилува и со многу други ликови. Сите тие се преправаат дека живеат совршен живот, а всушност се дават во емоционални проблеми. Неверојатно суеверниот татко на Пет (Роберт Де Ниро) или пријателите кои не уживаат во бракот изгледаат како да се уфрлени во приказната за да се направи паралела со Пет и Тифани и да ја доловат хипокризијата со која околината им приоѓа на нивните проблеми.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Во тоа придонесува и брилијантното сценарио. Моќните дијалози ќе почнат да го освојуваат вашето внимание уште од првата сцена. Одлично се пренесени преку извонредната глума за која Бредли Купер, Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс добија номинации за Оскар за нивните улоги, а последната успеа и да го добие покрај останатиот куп награди.

Пет Сениор: „Да ти кажам нешто. Мора да обрнеш внимание на знаците. Кога животот ќе ти подаде рака во еден ваков момент, грев е да не му возвратиш… ти велам.“

Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) ја заслужува сета врева која се крева околу него. Ја прикажува љубовта како совршена состојба на која не ѝ се потребни совршени луѓе според општо прифатените стандарди за да биде таква и сигурно ќе ве остави со позитивно расположение откако ќе заврши. Кога само ваквите филмови би се нарекувале романтични комедии, овој жанр не би имал углед на некој кој цели на женската публика и служи за привремено лечење на нивните рани или за градење илузии. „Прирачник за оптимисти“ е филм кој одлично обработува секојдневни човечки теми и затоа вреди да се изгледа.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. ивана Reply

    Го гледав и ми се допадна многу. Ми се доаѓа комплицираноста на ликовите, не е она секојдневното, добра работа,убав стан и слично. Прикажано е нешто многу поразлично и не толку совршено а сепак реално. Ми се допадна.

Остави коментар