Филм: Лери Краун (Larry Crowne)

Предвидлива романтична комедија со слатка доза хумор, погодна за филмско попладне со целото семејство

(1) Филм: Лери Краун (Larry Crowne) Режија: Том Хенкс

Улоги: Том Хенкс, Џулија Робертс, Гугу Мбата-Роу

Времетраење: 98  минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 јули 2011

Жанр: комедија, драма, романса

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 8.13 од 10)

Loading...Loading...

„Лери Краун“ не нуди ништо повеќе од евтина, но слатка доза хумор. Кога веќе почнавме со „недостатоците“… главната мана е тоа што филмот е предвидлив уште во првите минути. Не дека дејството нема да ве држи будни до самиот крај, но тоа ќе бидат како минути во еден подолг квиз, во кој безмалку ги знаете сите одговори. Филмот нема негативци, нема кого да мразите или повремено да ве нервира. Ќе ви ги опушти сите сетила. Впрочем тоа е и намерата во ром-ком филмовите. И бандитите се група мили и шармантни палавковци, нивната најстрашна карактеристика е слатката љубомора кон главниот лик. Но, од неа нема да произлезат никакви завери, опструкции или гнев, туку пријателство. По малку нереално, нели? :)(2) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)Намерно не се воздржувам од сочните коментари за филмот, бидејќи како што веќе споменав, тој е крајно предвидлив уште со првите неколку сцени. Но, тоа не значи дека ве советувам да кренете раце од него, напротив ќе се обидам да ве убедам да останете пред телевизорот до последната минута. Главниот адут кој ви го нудам е секако фантастичниот Том Хенкс. 😉

Неговиот актерски „багаж“, харизма каква што ретко кој друг поседува и суптилното наметнување на наивната добрина ќе ве остават поднасмеани и во добро расположение, барем уште околу час и половина, колку што ќе потрошите на филмот. Досегашното беспрекорно одигрување на улогите од страна на фантастичниот актер, бара и заслужува да му дадете уште една шанса (ова се однесува на улогата, не на содржината на филмот). Овој пат Хенкс тројно напаѓа, и како главен актер и како режисер и сценарист. Вториот адут (му се обраќам на посилниот пол) е Џулија Робертс и нејзината волшебна насмевка. Толку за неа. :)(3) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)(4) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)Лери Краун (Том Хенкс) е разведен, средовечен вреден продавач во исчекување да го прогласат за работник на годината. Но оваа досадна пракса на компанијата во која работи наеднаш завршува, за среќа или за жал, наместо признание тој добива отказ, со образложение дека е недоволно квалификуван. Обидите да пронајде друга работа тешко му одат, заглавува во финансиски лавиринти и се доведува во ситуација да ја загуби куќата. Во целиот тој хаос, Лери спасот го бара на колеџ, кој ќе направи целосен пресврт во неговиот живот. Судбината му ја кројат две жени. Едната од нив е професорката Мерцедес Тејнот (Џулија Робертс), а другата студентката Талија (Гугу Мбата-Роу)… Тука завршувам со приказната, и бездруго премногу ви открив. 😉
(5) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)(6) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)Инаку, филмот е еден од оние што обединуваат генерации, па е погоден за филмско попладне со целото семејство. Ќе „падне“ и по некој совет за тоа како никогаш не е доцна за вистинските работи или се врти тркалото, но и клишеа како тоа дека љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате… Сè на сè гледливо филмче, кое нема да ви остави ниту тронка нејаснотија или простор за анализи, освен ако не сте подзаљубени, па почнете да се поистоветувате со ситуациите во филмот. Ништо ново, ништо страшно. 😉(7) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)(8) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар