Будни цела вечер (Up All Night)

Автор: Александар Ниневски

ТВ серија за еден поинаков поглед на родителството, претставен преку мајка која работи премногу и татко кој останува дома со ќерката…

Будни цела вечер (Up All Night)Главни улоги: Кристина Аплгејт, Маја Рудолф, Џенифер Хал, Вил Арнет

Жанр: ситуациска комедија

Креатор: Емили Спајви

Премиера: 14 септември 2011

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 20 минути

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (26 гласа, просек: 8.58 од 10)

Loading...Loading...

Реган и нејзиниот сопруг Крис се гордите родители на малечката Ејми. Во улогата на Реган се појавува Кристина Аплгејт која сите добро ја знаеме од серијата „Во брак со деца“ (Married with children), а Крис го глуми Вил Арнет кој ни е познат од „Забавен развој“ (Arrested development).Будни цела вечер (Up All Night)Будни цела вечер (Up All Night)Приказна: Реган, Крис и Ејми не се типично семејство каде што таткото оди на работа, а мајката седи дома со детето. Крис ја остави својата работа како адвокат за да ја чува својата ќерка, додека Реган работи напорно како продуцент на шоу на нејзината најдобра другарка Ева. Иако звучи едноставно, сепак не е сè така лесно како што изгледа.Будни цела вечер (Up All Night)Кога ќе се врати на работа, Реган ќе биде под голем стрес. Веднаш ќе се почувствува растргната помеѓу мајчинството и нејзината кариера. Ќе биде под притисок од нејзината најдобра пријателка Ева да продолжи со стариот стил на живот кој вклучува многу вечерни излегувања по барови и клубови. Единствената утеха ù е дека и после најголемата журка, секогаш успевала да се врати дома безбедно.Будни цела вечер (Up All Night)Будни цела вечер (Up All Night)Одлучена да докаже дека заедно со Крис сè уште имаат возбудлив љубовен живот, дека може да биде совршена сопруга, добра мајка и професионална жена, Реган малку ќе излета од контрола. Сепак, на крајот ќе сфати дека нејзината ќерка Ејми е нејзиниот приоритет број еден и сè друго е помалку значајно (освен можеби нејзиниот сопруг Крис).Будни цела вечер (Up All Night)Во серијата гостува Меган Мулали во неколку епизоди, која сите ја паметиме како Керен од Вил и Грејс.Будни цела вечер (Up All Night)Кога и како да ја гледате: Може да ја гледате заедно со семејството или пријателите во кој било дел од денот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар