Астролошки профил на родените во знакот девица

(23 август – 22 септември)

Астролошки профил на знакот девицаДевица е единствениот хороскопски знак чиј симбол е жената. По природа девиците се најчесто срамежливи, наивни, конзервативни и воздржани луѓе, кои уживаат во состојбата статус кво.

Девиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација.  Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.

Перфекционисти

Девиците постојано се во потрага по совршенство и живеат уреден живот. Тие не сакаат да гледаат расфрлани алишта, немиени садови или предмети кои не се на своето место. Нередот тотално „ги вади од колосек“ што некогаш буквално мораат да застанат за момент за да земат здив. Ако ви значи некоја личност родена во овој знак, подобро немојте да им создавате неред.
.

Вечно загрижени

Девиците се грижат буквално за се. Загрижени се ако некаде задоцнат, ако им загорел оброкот или за сѐ што можеби заборавиле да купат од маркет. Родените во знакот девица се грижат буквално за секој детаљ од нивниот живот, без разлика дали тој е битен или небитен.Астролошки профил на девиците

Односи со семејството и пријателите

Девиците се шармантни, достоинствени и позитивни личности кои убаво се согласуваат со другите луѓе. Тие се добри другари, но им е потребно повеќе време за зближување. Кога еднаш ќе се отворат, веднаш ја добиваат почитта, лојалноста и посветеноста од своите пријатели.

Негативна особина им е нивното вмешување во туѓите проблеми. Пријателите и членовите на семејството може да се почувствуваат како девицата да сака да им го контролира животот. Но оние кои вистински ги познаваат, набрзо сфаќаат дека девицата сака да ги анализира луѓето, со цел да им помогне да си ги решат проблемите.
.

На љубовен план

Девиците се најчесто привлечни луѓе, но тие не се баш свесни за својата сексапилност. И кога станува збор за љубовта, тие размислуваат логично и сакаат да опипаат дали вреди да се трудат околу некоја врска, пред да им се препуштат на чувствата. Лесно е да се вљубите во некоја девица поради нејзината рамнодушна и кул појава. Да убедите девица дека вие сте вистинскиот избор за неа е навистина успех, бидејќи родените во овој знак се во вечна потрага по совршен партнер. Само доколку успеат да сфатат дека љубовта е несовршена категорија, девиците ќе ја пронајдат својата среќа.Астролошки профил на девицитеТие сакаат испланирани состаноци – ништо да не е спонтано. Срамежливи се и се секираат што ќе се случи на љубовниот состанок или за што ќе се прави муабет. Додека врската се уште не е сериозна, тие не сакаат да им поставувате премногу прашања.
.

Женските девици во љубовта

Припадничките на понежниот пол, кои се родени во знакот девица се тивки и резервирани и кај мажите оставаат впечаток дека глумат недостижни, но тие всушност само си даваат повеќе време за да ги анализираат и сумираат фактите и чувствата, пред да се впуштат во нешто сериозно. На тој начин, тие спречуваат да бидат повредени. Ако решат да бидат во сериозна врска, тие се лојални и посветени на својот партнер. Женските припаднички родени во знакот девица се вистинскиот љубовен избор за оние мажи на кои им се допаѓаат старомодни девојки кои сакаат да „одат пополека“.
.

Машките девици во љубовта

Мажите родени во знакот девица изгледаат студено однадвор, но во суштина се многу добродушни. Ним им е потребна партнерка со многу трпение, која сака да живее предвидлив живот и ќе има желба да почека додека девицата да одлучи дека е „време да се врзе“. Машките девици не се многу романтични луѓе, но затоа пак се многу искрени, наклонети и лојални кон својот партнер. Тие се совршен избор за оние девојки кои сакаат стабилна и цврста врска, со верен партнер.Астролошки профил на девиците

Донесувањето одлуки

Некои луѓе мислат дека девиците се неодлучни или дека не умеат да донесуваат одлуки, но тие всушност сакаат убаво да ги „измерат“ работите пред да го направат изборот. Тие се одлични во решавањето проблеми, бидејќи ги одвојуваат сите елементи од конкретната ситуација, ги анализираат секој засебно и потоа повторно ги спојуваат, со цел да донесат вистинска одлука. Рационалното размислување на девиците, обично ги фрустрира другите луѓе.
.

Домот и кариерата

Девиците се организирани во умот, но не се заинтересирани да го трошат своето време размислувајќи како да си го уредат домот. Најбитно им е да биде чисто, а другото може и да почека.

Во поглед на кариерата, девиците се одлични работници, бидејќи се многу трудољубиви и даваат се од себе за да го прошират своето знаење и да ги усовршат своите вештини.Астролошки профил на девиците

  • Најдобри работни позиции според карактерните особини на девиците се: научен истражувач, инспектор, полицаец, лингвист или сметководител.
  • Омилени бои: преферираат сина, зелена и темно кафена боја, а избегнуваат светли и пастелни бои.
  • Среќен ден од седмицата: среда
  • Девиците најмногу си одговараат со: скорпија, јарец, бик, рак.
  • Животно мото на девиците: да им помагаат на другите луѓе.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. LIDIJA Reply

    kako da me opisa mene totalno

    • Antonio Reply

      isto i mene se pogodi ! :)P

  2. Ја бе, ја Reply

    Кај и да е, за едно десетина години, плус минус, ќе те засака некоја Девица, тоа е…

  3. Ружица Reply

    bravo za onoj koj e odgovoren za horskopskiot del na sajtov nesto kako poznat da mi e :)))

  4. Aleksandar Reply

    Da ova e definitivno za devica :)))))

  5. seka Reply

    fenomenalno se prepoznav samata sebe

  6. Olivera Reply

    Ova e 100% tocno :) Sekoja cest za statijava :)))

  7. Sandra Reply

    Dobro e opisana devicata,nema sto,osobeno za maskite.A zosto nema nisto za kombinacija devica so devica?

  8. Temelko Reply

    lele ne mi se veruva se e tocno ve molam i edna statija za devica i oven :D pozdrav najdobri ste

  9. kate Reply

    devica i bik

    • ana Reply

      i jas bi sakala za devica i bik ;-)

  10. Katerina Reply

    Mnogu dobro delumno se pronajdov..da ve zamolam za kombinacija devica lav pozdrav

  11. Marina Reply

    Јас не се пронајдов баш, некако ми е 50-50 :/

  12. Srcus88 Reply

    bravo se e bas taka samo imam zamerka za maskata devica ne e bas taka kako sto e opisana

  13. richie Reply

    zivotno moto na devicite:DA IM POMAGAAT NA DRUGITE….TOCNOOOOOOOOO TAKA.

  14. Filip Reply

    TOTALNO VISTINITO!!!!!!!

  15. Marija Reply

    taka e ama ona za stramezlivi ne bi se soglasila inace top e napisanoto ;)

  16. dani Reply

    toa sum jas…. od glava do peti

Остави коментар