Ултрамодерна библиотека во Штутгарт

Дали некогаш сте виделе помодерна библиотека од оваа? Корејскиот архитект Еун Јанг Ји победил на конкурсот, на кој биле пријавени 235 проекти и ја добил честа да ја изгради централната библиотека на Штутгарт, Германија. За изградбата на проектот биле потребни 3 години, а се потрошиле околу 108 милиони американски долари. Свеченото отворање се одржало минатиот месец.Ултрамодерна библиотека во ШтутгартДизајнот на Јанг Ји претставува голема коцка со девет ката над земјата и два под нивото на земјата. Скоро целата зграда е во бела боја, а на секој надворешен ѕид го пишува зборот „библиотека“ на 4 различни јазици. Средишниот дел од катовите е отворен и преку него сите девет катови се поврзани со скали. Библиотеката е фантастична и делува многу модерно и чисто. Дали вие би сакале нова модерна библиотека во вашиот град?Ултрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартУлтрамодерна библиотека во ШтутгартКога би ја споредиле со прекрасната библиотека на универзитетот во Амстердам, која ви се допаѓа повеќе?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Mnogu e sterilnoo..

  2. janko Reply

    em sto e sterilno, tuku i kockestiot dizjan samo dopolnitelno doprinesva za sterilnosta.. verojato imale na um da iskoristat maksimum od prostorot. ama toa go napravile na naj neinventivnit mozen nacin.. promasuvanje.

Остави коментар