Најскапата вила на Кипар

Оваа палата сместена на плажата „East Beach“ е најскапата резиденција во Кипар. Таа е проценета на неверојатни 25 милиони евра. Со несекојдневниот дизајн и својата екстравагантност, таа е вистински скапоцен камен на крајбрежјето на оваа островска земја.Најскапата вила на КипарТаа е сместена на имот од 3.264 квадрати. На нејзиниот петти кат се наоѓа спална соба од 200 квадратни метри, од која има панорамски поглед кон Медитеранот. На четвртиот кат има голема библиотека, соба за учење, трпезарија за 20 лица, кујна и дневна соба со камин. На третиот кат се наоѓаат три спални соби. Во секоја од нив има приватно кино, градина, посебна соба со билјард-маса, лифт и бањи.Најскапата вила на КипарНајскапата вила на КипарВториот кат е резервиран како место за релаксација и забава. Овде има солариум, сауна, бања со кал, соба за масажа, фитнес сала, базен, соблекувални, винарија, шпајз за храна и кујна. На првиот кат има уште три спални како и соби за персоналот. Хациендата е надополнета со гаража за три возила и огромен надворешен базен.Најскапата вила на КипарНајскапата вила на КипарНајскапата вила на КипарНајскапата вила на КипарНајскапата вила на Кипар
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар