Магијата на мурано стаклото

Автор: Симона Ристоска

Комплицираната постапка за изработка на предмети и накит од мурано стакло, потекнува од истоимениот остров во близина на Венеција и е традиција која се поврзува со ова место уште од 9-тиот век. Магијата на мурано стаклотоВештината којашто била потребна за да се обработи мурано стаклото и прекрасните предмети кои од него ги изработувале, ги направиле мајсторите на овој занает едни од најистакнатите граѓани на Венеција. Нивните ќерки биле мажени во најдобрите и најбогатите фамилии, поседувале имунитет од прогонување, а самите мајстори не смееле да ја напуштат, во тоа време, Венецијанската Република со цел тајната вештина да остане во рамките на областа. До 16-тиот век дури 3.000 од вкупно 7.000 жители на островот Мурано се занимавале со некаков облик на изработка на предмети од стакло.Магијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоЗа популарноста и убавината на предметите од мурано стакло говори фактот што најистакнатите и најмоќни кралски семејства од целиот свет правеле посебни нарачки од вредните мајстори. И ден денес, мурано стаклото нема изгубено од својата магија, можат да се пронајдат предмети и накит во разни форми и за сите вкусови.Магијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоМагијата на мурано стаклотоЕдна од најпопуларните техники за изработка на Мурано стакло е Millefiori (илјада цвеќиња), но истовремено и една од најкомплицираните. Резултатот е секогаш неверојатен, а секое парче накит изобилува со прекрасни бои и форми и е приказна само за себе. Подолу може да погледнете интересно видео за тоа колку комплицирани и меѓусебно поврзани постапки се потребни за да се изработи едно парче во оваа техника.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар