Зошто треба да јадете лубеница секојдневно за време на летото?

Само едно парче лубеница овозможува 25% од дневната потреба за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага при апсорпција на железо, одржување на здравјето на кожата и имунитетот, како и при зацелување на раните. Овој витамин содржи и антиоксиданти, па спречува оштетување на клетките со неутрализација на слободните радикали – молекули за кои се верува дека се поврзани со стареењето и со појавата на одредени болести.

Постојат сè повеќе докази дека луѓето што јадат многу овошје и зеленчук, со цел да ги задоволат дневните потреби за витамин Ц, имаат постабилен крвен притисок од оние што не внесуваат доволно ваква храна. Имајќи го сето ова на ум, прочитајте ги следниве 3 причини зошто треба да искористите летниот период и секојдневно да јадете лубеница!

1. Имунитет

Лубеницата има многу витамин А, кој игра важна улога за здравјето на очите, растот на коските и репродукцијата. Витаминот А е од витално значење и за многу други функции, вклучувајќи ја и регулацијата на имунитетот и производството на лимфоцити. Само едно парче лубеница овозможува 30% од дневните потреби за витамин А.

2. Слабеење

Со оглед на тоа дека многу земји имаат и повеќе од 60% возрасни со прекумерна телесна тежина, за сите овие луѓе е драстично зголемен ризикот од заболување со хронична болест. Ако сакате да го намалите овој ризик, мора да поработите малку на својата тежина, а нема подобар начин за тоа јадењето лубеница за време на топлите летни денови.

3. Срце

Истражувањата покажале дека луѓето што јадат најмалку три оброка со овошје и зеленчук на ден, имаат значително помали шанси за смрт од мозочен удар, болести на срцето и други кардиоваскуларни нарушувања во однос на луѓето што јадат само една порција дневно.

Прочитајте ги и овие совети од искусен фармер: Како да ја одберете совршената лубеница?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар