Зошто не ни се допаѓаат личности што се премногу заинтересирани?

Зошто не ни се допаѓаат личности што се премногу заинтересирани?

Најверојатно барем еднаш во животот сте помислиле дека „Тревата е позелена на другата страна од оградата“, но никогаш не сте можеле да откриете зошто тежнеете кон „другата страна.“ Вие не сте единствени во ова, затоа што во човековата природа е тој да сака работи кои мисли дека не може да ги има, односно, постои поврзаност помеѓу работите кои сакате да ги имате, сметате дека се „премногу добри“ за вас. Исто така постои добра причина поради која речиси секој романтичен филм се врти околу една личност на која ѝ се допаѓа друга, која пак е „недостижна“. Сето ова има врска со верувањето дека љубовта и привлекувањето се исти кога е во прашање фасцинирањето на некоја личност. Токму поради тоа луѓето сакаат да покажат незаинтересираност за оние кои навистина им се допаѓаат.

Зошто не ви се допаѓаат личностите кои покажуваат премногу заинтересираност?

Тоа е нешто што доаѓа против човековата природа, кога сакате нешто што знаете дека не можете да го имате. Оние за кои мислите дека се надвор од вашиот дофат, имаат поголема вредност во вашите очи. Од биолошки аспект, има смисла што сакате да бидете со некој кој е подобар, затоа што тука е во прашање и репродукцијата, односно создавањето потомци. Луѓето со текот на времето еволуирале природно да бараат партнери кои се здрави и јаки, но и доволно емотивно зрели за да ги заштитуваат и да бидат верни.

Подлабоко, во секој од нас постои еден мал дел кој верува дека не сме достојни за сакање. Токму таа несигурност прави секоја личност да се чувствува помалку вредна. Од некоја причина, на многумина повеќе им „одговара“ одбивање од личноста во која се заљубени, отколку вниманието од личноста за која мислат дека има помала вредност. Резултатот од ова е дека ги одбивате оние кои отворено ви покажуваат заинтересираност, поради оние кои се „подобри“. Сепак, доколку одговара ситуацијата и вие сметате дека една личност ја заслужува вашата шанса, тогаш вреди да го направите тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар